Сакаме да ставиме камера во двор и пред влезна врата. Може ли препорака за некои од кои сте задоволни?
Self service не знам, ама да ги оставиш можеш за да ти ги исперат, овие шти се пеглани имаат некои и машини, во Карпош имаше една мислам дека.
Дали можете да ми препорачате каде можам да ставам кератински екстензии, надградба на коса, проверени студија, и ако знаете како се движат со цени?
Ми дојде порака дека треба да ја земам новата дебитна картичка, ми истекува до крајот на март, но во пораката стои дека треба да ја подигнам од Прилеп бидејќи таму прв пат ја направив (Шпаркасе). Дали можам да им речам да ја донесат во експозитурата во Битола или мора од каде што е првично направена да се земи?
Ај едно можеби приглупичко прашање, ама очигледно машината за перење нешто не ми е во ред од денеска. Ставив ко секогаш омекнувач во делот за омекнувач, го зела омекнувачот, ама алиштата воопшто не мирисаа откако ги извадив од машина. Дури лошо мирисаа, на 95 степени бели пуштив, а до некни сѐ си беше во ред. Користам Ленор постојано. Дали може некако омекнувачот да го ставам директно во барабанот (како капсули што се става) и на кој начин?
Не, има некој проб можеби со машината, омекшивач не се става во барабанот, само евентуално оние како топчиња што се на Ленор.
Дали знаете данок на имот на подрачје на Скопје во град Скопје ги прават решенијата или во секоја општина посебно? Стигнало за сите по едно дома
Јави им се или појди до таму, ќе сменат. Кај нас дојде по 6000 ден од човек, поточно за мене и ММ, а требаше 6000 вкупно, бевме и средивме.
Ќе оди тој на кого гласи ,само каде да се оди е прашањево,дали град Скопје или општинава. И дали ви бараа некои документи дополнително ?
Личните карти ги бараа наши, дали се водиме на иста адреса подолго од 2 години, мислам така беше, не ми текнува точно, иначе во град Скопје се оди, или јави се на тел кажи им, ќе ти дадат меил или број да им се испрати слики од ЛК, види побарај број на гугл.
Фала Компликација е што едниот е починат ,ми требаше насока кај да се обратам. Благодарам уште еднаш.
Сакаш да кажеш дека ви дошло дупло да платите? И на нас така првата година, ама ние заборавивме да ги однесеме личните карти во катастар. Втората година пак иста песна. Ама тогаш отидовме во град Скопје да им ги дадеме личните карти. И за една недела ни стигнаа нови решенија.
Zdravo na site , se izvinuvam dokolku ne e postot za tuka ama sakav da prasam kako ste zadovolni od instagram stranata (zatrudnici.mk) sakam da naracam fustan pa da ne se ima nekoj zeznato , dali imate nekoe iskustvo? Vi blagodaram na site. ..