Некој сервис што доаѓа до дома да собере теписи и да ти ги врати испрани? Немам како да однесам голем тепих, не го собира во кола. Ќе си приплатам за подигање и достава.
Здраво, имаше еден оутлет за патики во Аеродром, кај Џевахир баш на булеварот. Ми кажаа дека бил преместен. Знае некој каде е преместен? И дали имаат онлине страна или нешто? Благодарам
Провери на фејсбук имаше една продавница се викаше се за едно евро или најевтини понуди. Паметам таму гледав вакви огради, имаат продавница во Лептокарија или праќаат по карго
Види во Џамбо би требало да има сега за први април, а види и низ дуќаните од стара чаршија каде што продаваат шапки и шешири.
Како функционира Централно? имав потреба да одам до канцеларија од овие што се за фриленсери. Многу ми студеше. Дирек климата во мене. Ми рекоа дека не може да се исклучи централното за поединечни канцеларии. Мора да бидело вклучено и не се гасело. Се работи за поединечна зграда, засебна да речам. Не е поврзана со други. Дали е точно тоа?
Ако сѐ уште не си испринтал, но, еве нека стои и за други што имаат слична потреба. Во принцип, во сите фотокопирници принтаат од USB.
„Веро“, кај поранешна „Алумина“, Мислам дека имаат фотокопир во фото студиото. Некој треба да потврди, одамна не сум поминал. Се надевам си завршил работа, како и да е.
сеа видов и јас на вебсајтот, ама 1640 е плишана играчка Хедвиг. Нека, ќе си го гушкам преку телефон ахаххаах 1700 да даам за у кревет да седи. И на Гоблин гледам има. ќе најдам негде може понормална цена. На Али ништо нема, само ситнурајки