Лелееее, е за ова не знаев, фала ти ќе го имам и ова на ум. Ќе станаме како Американциве полека полека, за сѐ имаме веќе достава, ептен мрзливи ќе бидеме ама па некогаш ептен е практично.
Е да во некои ситуации ептен сме приморани, разгледај си имаш доста избор со онкајн страниве, јас конкретно мое искуство кажав за супермарт само, од другиве немам нарачувано.
Со какво средство би можела да извадам лепенки/налепници од врата? Со ништо не можам да ги извадам изгледа имаат силен лепак
Коа сме кај лепенките, да ми кажете на мене за лепенки на чинии како да ги извадам. Тоа хартиеното излезе, лепакот стои
Да пробаш и со зејтин или некое уље за тело што е? На крпче или туфер, натопи и полека едно по едно затријувај.
Знае некој за инвалидска пензија дали треба да се има и болночко лекување? Дали некој го поминал овој пат и што како е потребно? Татко ми има 58 год.со дијагноза за инвалидитет, двата колкови со 99% оштетеност, ќе прави операција и на двата, фактички така ќе има 2-3 болнички лекувања. Ако некој има некакво инфо околу ова, и повеќе се разбира, нека ми пише тука или во ЛП ве молам.
Здраво, прашање до оние што дома имаат подни плочки место ламинат. Дали зимно време е ладно на нозе ако нема подно греење?
Здраво, ако некој е поупатен. Дали ако направам акаунт на chat gpt акаунтот се плаќа? Ни гугл не ми дава резултати. А барам по нет и нема ништо.
Имаш бесплатно чат гпт, тоа е онај обичниот (ChatGpt 3), а ако сакаш повеќе features, како и свои GPTs да си креираш, треба да се претплатиш на најновиот чат гпт - Chat GPT 4
Од се што сум пробала ова најдобро функционира, со запалката малку ќе го загрееш, лепакот ќе попушти и одма ќе се одлепи нема да остане воопшто на чинијата.
Правев колачи, филот го направив со боја за јајца. Маж ми вика дека тоа е отров и ќе се затруеме. Дали озбилно не можат да се јадат ако сум користела боја за јајца? Во маркет ми рекоа можело, и таа е прехранбена боја…no judge, млада домакинка го покушај