Доколку ти исклучат струја од евн, дали се доплаќа нешто за повторно вклучување и колку време се чека откако ќе ги платиш сметките?
Дали можам некако да излезам на аердором од Македонија со бугарски пасош додека да ми излезе новиот Македонски ?
Дечки дали знаете што се случува со праткиве од али? Имам пратка што ми пишува дека од 20ти и некој март е во вреќа, ја чекам сѐ уште ама не сум добила никаков повик.
Маж ми од октомври навака не добил пратка… се откажавме се ни вратија пари. Не знам што се дешава со поштава… ама 10 пратки ниедна да не добиеш, сите рокот им истече. Страшно.
Катастрофа жива, ќе одам до пошта искрено зошо не може да нарачувам и да не стасува, а на други им стасува
Дали за лице од 17год е потребна писмена согласност од родителите за патување во странство самостојно?
Јас кога патував самостојно на 17години, носев и писмена согласност од двата родители. Ама никој не ми побара ништо. А патував со автобус до Париз. Извадија моите тогаш пошо така им кажаа.
И јас мислам дека додека бев под 18 години полномошно вадеа моите, а сега само оваа информација ја најдов на страната на мвр за малолетни до 14 години, не знам дали има некои измени во законот.
Дали во некоја парфимерија даваат тестери од козмаетика? На пример од некоја крема или од некоја пудра?
Даваат во лаш (lush), и последно пишаа и coslovemetics дека даваат тестери (ама ова само прочитав дека даваат, не сум нарачала да знам искуство). Ама мислам дека мораш да нарачаш нешто да ти испратат тестер