Ако има некој/а на форумов што изнајмувал/а простор/сала за одреден (помал) настан, нека ме исконтактира во порака со предлог место. Доколку има да се пополни било каков формулар би ми било од корист. До сега само еден таков најдов. @kelly.r можеш вино и нешто благо.
Ме интересира дали постои опција на бебе/ дете да се уплати одредена поголема сума на пари, како на штедна книшка, со тоа што никој да не може да ги добие парите освен самото дете кога ќе наполни 18 години? @nena2010 можеби знаеш?
Не знам ама ако сакаш ќе се распрашам како оди процедурата. Знам со сигурност дека освен родител/старател не може друг да му отвори штедна книшка.
Не. Како што ти пишаа, може само на децата да им извади бг пасош. Викаат жената не е во крвно сродство со сопругот и нема основ да ја следува пасош и неа.
Може да во секоја банка, ти треба извод од детето само и на пример ако ти ги ставиш парите до 18 год и ти можеш да ги раководиш после тоа детето
Ќе одам во Србија и во Магента претплатата ми стои дека имам 6гб интернет за Балкан. Како да ги активирам кога ќе стигнам? Минатиот пат воопшто не можев да уклучам интернет.
Тоа мислам повеќе е за белеење. Забен камен тешко сам чистење, и не се вади така лесно. Сепак наслага скаменета е.
Сами се активираат штом се префрлиш на српска мрежа. Ако немаш интернет смени го типот на мрежата, стави се на 3G или 2G, немој на 4G или 5G.
На татко ми му кажаа денес дека има дискус хернија. И препорачаа физикална терапија. Дали некој/а од вас имала предходно искуство? Или на некој близок? И доколку имате препорака за место во Скопје би била благодарна.