Годишно и во решението ќе ти пишува ѝ се доделува здравствено осигурување по основ дека немала приход поголем од .... И носи ја и здравствената книшка, дека треба а и за кога ќе го земаш решението да ти стават печат од фондот, дека доделуваат и број на здравствената. Некои ми рекоа им барале нова здравствена, а кај некои само вршеле корекција. Ако ти бараат нова здравствена се купува во книжарница.
Dali za podignuvanje na sanitarna kniska e potrebna potvrdata ili moze da me najdat po ime i prezime?
Здраво Дали за патување преку граница ќе ми треба полномоштво од сопругот за ќерка ми? Има 8 и пол год,сакам до Грција да одиме.
Ноќеска комшијата бушеше нешто кај него во тоалет, и од вибрациите кај мене во тоалет падна огледалото и цело се скрши.. Треба сега да ми купи ново огледало и да ми ја надомести штетата, и дали да одам да се жалам на совет на зграда?
@нина122 ако си во зграда среќно, легендата вели дека некој некогаш во зграда добил надомест на штета. Ова твоето е малце смешно, извини. За озбилни работи нема разбирачка, а не па за вакви.
Ама проблем е, што ако утре му текне да буши па мене ми падне пример бојлерот, струја да ме утепа треба? Знам дека е смешно, ама мене не ми беше смешно кога ми падна цело огледало и ми се скрши на 1000 делови.. Можеше и мене да ме повреди и некој друг.
@нина122 за поозбилни работи сум шетала од врата до врата и дел од соседите беа не не' интересира. За ист проблем комшивка до ден денешен се тужи со цела зграда (а патем јас сум х години отселена од таму). Мене штетата ме чинеше некои 500-600 евра, па никој не ми надомести (а нерви немав да се расправам). Советот е измислен поим што нема никаква функција во зграда. Нека не те лаже зборот.
Мене штетата со се држачи што треба да купам ми е помалку од 1500 денари, ама сепак кога некој друг е виновен, зашто јас да плаќам.. Највеќе се плашам дека може да се случи истово со болјерот, телевизорот, сушарата, се што ми е закачено со држачи на ѕид.
@нина122 да, ама ете ти од погоре чисто да видиш дека ова не е ништо. Оди и зборувај со соседите, кажи си па види како ќе излезе. Со советот ништо не правиш, за ова па посебно има да те изигнорираат и циција ќе си излезеш.
Еве ги и денес бушат, и тоа уште, дојдов дома сега и ги слушам и се прашувам што ќе ми падне наредно..