Не може да се прикачи. Единствен начин е да му ја намалиш величината. Јас така правам со сите фотографии што ги постирам на форумов, затоа што тежат повеќе од 3 мегабајти.
Девојки како се викаше организацијата за помош на нарко зависници. За сида беше ХЕРА, ама за дрогата кај може да најдам информации? Се надевам дека сфативте за што зборувам .
Ќе може ли некој да ми објасни каде точно се наоѓа Институтот за парламентарна демократија? Ја знам адресата, (Zeleznicka 32-1/10, Skopje, R. Makedonija), но немам идеја каде точно би можело да биде. Ви балгодарам
Железничка улица ти е кога се спушташ од Водњанска улица,после Фуфо, првата улица десно.Тоа е истата улица каде што е Мала станица и Зират Банка.Е, сега број 32 , не знам точно каде е. Толку можев да ти помогнам
Не знам каде би можела да добијам одговор па еве овде ќе пишам. Имам некои сапунчиња што не знам каде да ги ставам, во што. Не сакам во веце да ми стојат туку во некое кутивче .Имам еден од LUSH и ми стои во тоа најлончето. Ама не сакам така. Решение ?
Ај помош! Ми текнаа нешто за собава моја, па ај да ве прашам што, како, каде.. Сакам голем цртеж, али сеа сакам лик. Инспирација добив од едни дечки тука во една скопска населба имаа доста добар графит нацртано. Сеа да ми кажете кој би можел да ми нацрта лице на голем хамер Каде да го барам, колку ќе ми земе отприлика..? Ако не знаете тоа, ај да ми препорачате некој добар уметник кој би можел да нацрта, али сакам доста добро да биде нацртан (освен оние од Рамстор).
Ани, а зошто не си ставиш апликација или стикер?? Мислам дека поубаво ќе изгледа отколку хамер. Баш имам едни на фб што прават по мерки.
Размислував и за тоа, мислев и директно да се црта на ѕид, но уште нема кандидат за тоа, па затоа вака на хамер или на било што, само да е бело мислев да се нацрта и после да го залепам на ѕид или ако е помало ќе го урамам. Заш ѕидот е бел, па бел хамер. А ќе може да ми пратиш само линк од тие од Фејс?
Ова им е профил http://www.facebook.com/aplikaciizazid а ова фан страна http://www.facebook.com/pages/%D0%90%D0 ... 7359157607
Кликаш УРЛ Добиваш ваков изглед:[url][/url] Ја бришиш болдираната заграда Пишуваш = Го пејстираш линкот Ставаш ] [url][/url] Помеѓу болдираните загради го пишуваш зборот. Толку.
Некој да не ги има тестовите за полагање возачка во пц или усб? јас ги имам до 10-от па ако ги има некоја ако сака да ми ги препрати... Фалаа
Ај тие што почесто патуваат, да не речам секојдневно, што се случува со меѓуградските автобуси ако се е испозамрзнато, со снегови и слично ?? Не сакам да претпоставам, ама веројатно не патуваат, или ?? Најавуваат да паѓа од тоа проклетијата од четврток, а воопшто не ми се останува заглавена овде до после Нова година.
Не бе Дузи, си возат си имаат тие зимска опрема. Еве ме мене јас 7 години се возам и по мразови и по снегови и по се‘.
Како беше линкот од Т-home или T-mobile, не сум сигурна каде што можеш да пишеш име, презиме или адреса и да ти даде домашен број?