Ми треба потврда дека сум вакцинирана против морбили. Го имам изгубено вакциналниот картон а во книшката има шкртаници и не го прифаќаат така. Каде можам да најдам потврда некоја? Во некој здравствен дом?
Комшииве над мене бушат прегласно, не можеш да се слушниш, цел стан вибрира, а добив и главоволка. Ме интересира дали нешто можи да се преземи, освен да се расправам со нив?
Имам сериозен проблем со комарци, партал сум. Дали некоја го има чудово и дали е задовлна? СТАРС СТОП ЛАНТЕРНА ЗА КОМАРЦИ :: Меркур Онлајн Продавница | Merkur Online Shop | merkurmak.mk
Тешко. Ќе ти речат у нормално време си работат. Карај се со безосетните. Викенд е, одмараат луѓе, кретеништа. Вајда и на други до тебе им смета ова, соберете им се и на врата кај нив. Само знаеш, обично сите трпат и толерираат кај нас.
Ете очигледно не им смета оти никој ништо не прави, иако баш ова е директно над мене, барем да имаше некакво известување. Искрено разбирам сѐ, ама не се седи дома, буквално сѐ вибрира, се треси. Во ходникот од спратот се слуша страшно, дури и од пред зградата се слуша гласно, хаос.
Знам како е гадно. Еве кај мене пред неколку месеци рушеа куќа, тоа ужас беше, што викаш тресење, вибрации мислиш ќе ти падне куќата у секој момент. Земјотресите оние пред 8 години у Скопје, не беа ништо у споредба со ова.. Ајде се истрпи некако, што да им праиш, градежни работи. А, овие твоиве комшии требало да известат кое време, да, фер би било така. И да си планираш ете да не си дома. Стварно вознемирувачко е, посебно па коа им текнува изненадно на некои и тоа се дешава и рано од сабајле да почнат, без усул се скроз. Да не им смета на другите, не верувам, ама научени се да трпат и да не се мешаат. Се нема ред, ништо не се знае, секој си праи како му се сака.
Каде може да најдам ваков костим за капење? Не мора да е ист модел, само бојата да е иста и да не е над 1200 ден.
Да, одлични се но и скапи. За девојче 12 години ми треба, нешто средна цена, ама не кинезарија. Не се разбирам многу
Живеам во зграда на 5 спрат. Имам посебно вц и во последно време мириса одвратно. Како на јавно вц. Секој ден чистам шолја, плочки со разни ствари ама ништо не помага. Некој совет?
Распрашај се во продавниците, обично кажуваат.И одете кај специјализираните, а не овие што продаваат велосипеди, заедно со други работи...Да не е кинески велосипед, а да е квалитетен, и евтин, потешко. И еден совет, секогаш измерете ја рамката на велосипедот пред да го купите, гледај прстите на стапалата да ѝ се допираат на подот, кога ќе застане, грешка што многу луѓе ја прават. Инаку квалитетни брендови : Giant, Bianchi, Scott, Trek, Cannondale, Merida, KTM, Specialized... (Oва за тебе , но и за некој друг, што се интересира. Ги има во Скопје. )