Лол никој не ми кажал тоа кога ја вадев. Имам мастер и голд дебитна за која од тие треба 1500 одржување?
Сега видов у пораки кој датум сум ја извадила а кој датум е трнскцијата на 16.05 извадив мастерс дебитна а на 17.05 е картична трансакција од 1500 ден. голд картичката на 24.05 ја извадив. стварно чудно, мислев тука ако има банкар да ми објасни, утре веројатно секако ќе идам у филијала.
Прашај, ама мислам дека ќе треба да го платиш остатокот. Откажи ја картичката ако немаш потреба од неа.
Во помалите градови ако те знаат даваат и без рецепт, знам по свекрва ми. А можно е и да даваат каде што има повеќе албанско население. На другарка во Гостивар и дадоа антибиотици без рецепт.
Дечки, дали некој има искуство со Element Solution (element.solution на инстаграм) за изработка на плочест мебел по мерка? Доста се популарни на инстаграм периодов. Исто, доколку некој поскоро имал позитивно искуство со фирма/човек што изработува мебел по мерка (плакари, спални соби, тв комоди) ве молам споделете Благодарам
Сакам да прашам како се залева пита? Некои ми викат пред печење некои после печење.... некои со ладна вода некои со топла.... @Anyshka , ти да ми кажиш, глеам експерт си за пити, зборам за со готови кори пита вртена. Или некој друг ако знае
Јас домашна месена на крај со ладна вода и сол, можеш и малку масло, или да ја премачкаш со путер или маргарин, и ќе ја покриеш со крпа откако ќе ја извадиш од рерна. Едит: јас после печење, и исклучувам рерна, оставам уште малку додека да се олади рерната. За со готови кори имам посебен рецепт. Правам прелив од брашно, пециво, масло и газирана вода. Ама на крај откако ќе се испече секако ја попрскувам со водичка.
Не, не, премачкувам со смесата на секоја втора кора, на третата фил по желба, и со остатокот од смесата ја преливам, и така ја оставам да отстои 1 саат, на крај откако ќе се испече ја попрскувам со вода обична, и ја оставам уште малку, додека да се излади рерната. Инаку некои и така прават, ама оваа јас што ја правам со готови е многу мека со смесата, како месена да е. Ај порачај си.
3 јајца, 1 чаша млеко, 1 кис вода, 80 гр зејтин ( за 500гр кори и 300гр сирење) Тоа е течноста. И сода малце или прашак за пециво. А налевам да се намокри убаво, и на ќошевите. Ама не да плива сега, ама да има така за да е сочна
Со обична вода на крај, откако ќе се испече. Во посебен сад мешаш брaшно, масло, сол, пециво и газирана вода. На секоја кора ставаш од смесата, на третата фил, и виткаш по желба, или ролнички, или вртена, остатокот од смесата го истураш брз цела пита.
Исто и јас така, ама поубаво е кога ќе отстои еден саат, пробај, помека е. Јас млеко не сакам никако.