која агенција има најефтини понуди за одмор (знам дека повеќето се поврзани, но сепак..)? може и last minute
без конкуренција најевтини Bran од Прилеп, имам повеќе познаници од Скопје што оваа година беа со нив на одмор, презадоволни!
Сега ги отворив, само не знам дали тргнуваат и од Скопје или треба до Прилеп да се оди? Во секој случај, фала, ги заследив
Многу се љубезни може да прашаш. Знам едни пријатели што беа со бебенце преку нив земаа само смештај а патуваа со сопствена кола, другите не знам како беа штом дознаам ќе пишам
Од каде. Има опции и за со автобус ама доста возење е, не знам колку би било исплатливо. Или евентуално до локација во близина (пр. Германија) и од таму со автобус.
Јас морам да прашам уште нешто. За посета на родител во Германија за 4 дена дали откако ќе стигнам таму треба да се пријавувам некаде? Во Rathaus или некаде? Пошо не седам во хотел и како би имале увид каде сум сместена? Прв пат патувам и затоа не би сакала да имам проблеми на граница особено при враќање
Не треба. Можно е само да те распрашаат каде ќе престојуваш, податоци за твоите родители и број од твоите да им се јават да ги прашаат дали навистина си нивна ќерка и ќе престојуваш кај нив.
Каде да си купам добри тампони за уши за спиење и колку се отприлика? На страна спијам инаку, така да некои што не сметаат за така.