^ Изгреби со нешто, ако се познава црно после изгребаното значи нема. Некој да ми објасни како од Аеродром да стигнам до Зебра Центар, Капиштец? Број на автобус, кај треба да се симнам и сл. Мерси.
Можеш со 5ка и 23ка. Ако идеш со 5ка ќе се симнеш кај амбулантата Млин Балкан, а со 23ка ќе се симнеш на последна, во Капиштец.
девојки каде точно се наоѓа кубанскиот ресторан во скопје La Bodeguita Del Medio? i каква се цените таму ме интересира благодарам
Кеј 13 Ноевмври, на кеј одма после тутнска банка. За цените високи до плафон и преценети. Али местото е убаво.
Провери си во прирачникот што оди заедно со часовникот можеби има поголема гаранција што важи и за батеријата , а инаку за цена незнам точно
Мислам дека треба да е околу 200, 300 ден... пред година дена менувавме со брат ми во чаршија, ама ич не ми текнува колку беше
Како што гледам ова е за во Орце Николов само. Ма да не сум слушнала дека се реализира нешто вакво. Само на ТВ видов дека зборуваа нешто слично,но тоа беше за основните училишта.
Девојки ме интересира како го чувате вашиот накит (бижутерија) ? Барам некое практично решение,затоа што јас ги чувам во кутија за накит меѓутоа многу ми се плеткаат... се продава ли некаде такво нешто специјално за чување на обетки, ланчиња, алки ...
Имаше во Авон, на тие страници каде што се ланчињата, фигура во форма на жена, за ставење на ланчиња, а има и фиоки за алките и обетките. Провери си во каталогот
Во Џамбо каде што го имаат наредено канцеларискиот прибор има интересни шарени кутии по цена од околу 150 денари. Погледни како јас го имам складирано накитот во истата таа кутија, па ако ти се допаѓа можеш да отидеш до Џамбо да си ја купиш истата. Ланчиња во една, обетки во друга, прстени и алки во посебни фиоки и нема да ти се заплеткуваат. Јас одамна ја имам купено, но се надевам дека ако не истата барем нешто слично сигурно ќе најдеш.
Девојки дали вие или некој од вашите познаници имате искуство со Виза Плус агенција за вработување ? Ја разгледував и официјалната страна и фејсубк страната исто,и ми изгледа многу добро за да биде вистинито.Сакам добро да се распрашам пред да се одлучам за аплицирање. Еве ги и страните https://www.facebook.com/VizaPlusVrabotuvanje?fref=ts http://vizaplus.com.mk/
http://www.youtube.com/watch?v=S4cBipeLMiw http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=iqg ... =endscreen Нешто волку јако во Македонија може да се најде? )
Кога и да ја посетиш http://jsp.com.mk/VozenRed.aspx автоматски си е подесена датата и за истиот ден ти покажува (а може и да си избереш друг ден). Така на пример сега ако кликнеш распоред за 2ка, ќе видиш таму си пишува Возен ред за линија број: 2 за датум:16.06.2013, Неделен Возен Ред. Затоа види си за кој автобус те интересира од странава, си пишува. Во главно не се исти како секој ден