Работат ама не снимаат за да казнуваат. Треба прво законот да пројде, па се тоа фино лепо во службен весник и после тоа веќе може да снимаат и да пуштаат казни.
Уште на старт гледаш дека е расипан човек, подобро најди си друг за матичен, штом на прва наместо да те придобие така ти направиле батали ги.
А зошто анестезија за чистење забен камен, тоа не боли. Јас никогаш не сум боцкала. 800 е преку фонд, 1200 е приватно, барем така беше дури работев ко матичен. Може се кренати цените, не знам. Може и друго ти работеле, штом анестезија ти ставале.
А зошто би плаќал газдата на станот ако не живее таму? И за каков дефект се работи? Извини, читам те советуваат дека он треба да плати ама мене ми е многу чудно. Точно дека станот не е на твое име ама ти живееш во него. Јас живеев под кирија неколку години и сите дефекти во зградата се распределуваа подеднакво на сите станари, нормално зависи каков тип на дефект е. Расипан лифт, расипана влезна врата, штета на кров... тоа иде кај сите станари.
Чистење на забен камен беше ама бидејќи имам парадонтоза боли и ми стави и анестезија за да не трпам два заби (претпоставувам отидени се ) ме болеа и со анестезија. 1400 пишуваше на ценовникот и плус 200 за анестезијата. И ќе треба пак да ми прави сигурно. Засега ми даде антибиотик и за недела дена сум на контрола. Расипана е ама ми се свиѓа пристапот ,човек не може асален доктор да најде веќе од стоматолог до гинеколог се или нестручно или само како пари те гледа или без емпатија. Не знам шо да правам.
Иде на сопственикот на станот, тебе убаво те насамарил тој газдата. Се што е дефект во зградата си плаќа он, не тој што привремено живее во станот.
Здраво девојкии, да ве прашам каде можам да го најдам парфемот на Suddenly Esscence jolie...секаде прашував и барав но го нема ,порано го купував од Lidl ама сега и таму го нема
Пак ќе речам, зависи за каков дефект се работи. Ако дефектот се однесува на нешто што цела зграда го користи, сите станари плаќаат. Не разбирам како газдата на станот ќе плати ако тој не живее во тој стан, веројатно доаѓа еднаш месечно да прибере кирија. Не сметам дека сум насамарен туку напротив. Пример, јас додека живеев имаше дефект кај мене во тоалетот, дојде мајстор среди и тоа го плати газдата- океј ама пошто беше кај мене внатре. Нека специфицира членката @нина122 за каков дефект се работи
Па исто и надвор во зградата ди плаќа газдата. Затоа што ти си привремен станар, нема зашто ти да плаќаш. Секогаш е така. Ако има некој дефект ти што си го направил па да си платип ти, ама станар на зградата е газдата ти си кираџија, и ќе си плаќаш кирија само.
Не знам баш... точно е дека си привремен станар ама ги користиш тие бенефити од зградата. Како што плаќаш интернет, струја, вода, логично ми е и ти да платиш за дефект во зградата, а не газдата. Али добро ете секој различно
Не знае ни он за каков дефект се работи, во сметка пишува Надворешни услуги и фактуририрале некој си Еко контрол.. Изгледа нема да се разбереме, вика дека јас сум требала да платам, бидејќи јас сум седела во станот, и сметката за одржување била моја обврска да си ја плаќам, очигледно нема да се разбереме..
Јас дури и мислам дека онаа ставка во сметката за одржување што е пари за резервен фонд не треба да ја плаќаш ако си кираџија затоа што што има ти да плаќаш за резервен фонд на зграда, не е твој станот..
Па да, зашто ти ќе си одиш од таму, нема вечно да живееш. Исто ко фрижидер да ти се расипе и да купиш ти, после земи си го фрижидерот коа ќе си одиш работава.
Резервниот фонд и одржувањето треба да го платиш, а надворешните услуги не. Ама газдата на станот ти е некое смрдле па си интерпретира како сака. Што ако утре го менуваат кровот стар 30 години, ти треба да му го платиш делот од 200,300 или 400 евра? Исто ти е и ова.
До колку саат работи Карго Експрес кај Ист Гејт? Да не имаат сега редуцирано работно време поради одморите? Или некое карго што работи до 19h околина Аеродром?
Можда има некој искуство, имам ланче бело злато ама мн ми е долго и големо.. Дали може во било која златара да им кажам да се скрати малку од позади? И колку би наплатиле за тоа?