Дали знаете кај може да нарачам или купам бонбони за свадба, свекрвата што ги фрла на излез од црква?
Во скоро секоја цвеќара. Јас лично ги нарачав од flower and giftshop memories, од Аеродром. Спроти Јане Сандански Поликлиниката се.
Знае некој каква е постапката и дали може да се извади нова здравствена книшка ако си ја загубила старата?
Незнам дали може. Ама не ти ни треба, не важат веќе, се оди електронски. Само матичен број ти треба од книшката, а го имаш на лична карта.
Се купува во книжара. Одиш во центар за социјална работа и ќе ти удрат печат. Барем кај мене вака беше. Не кажав дека ја изгубив, процедура било се чекало, и мислам дека нешто минимално се плаќа така. Не ме ни прашаа искрено. Само им реков да ја заверат новата книшка. Носев мислам копија од лична карта и тоа беше.
Мене ми требаше за лекарското за возачка а ја немав, па морав да вадам прво извештај од матичен дека сум здрава. Не знам дали за друго би ми затребала, за обична посета кај матичниот не ми треба. Не знаев за ова, фала. Бидејќи сум вработена и така имам здравствено осигурување, да не треба нешто од работа некој документ плус?
Не. Од фирма електронски си пријавена за здравство да ти тече. Тоа тие го гледаат кога ќе ти побараат матичен број. И јас бев вработена кога ја носев новата да ми ја заверат.
Здраво, дали некој знеа дали има можност да се одбукира без да се плати 50% откако ќе помине free cancelation преку букинг?
Предлог подарок за баба ака прабаба? Поточно на мм баба му Околу 70тина години има. Немам идеја последно и дадовме рамка голема со слика од сите нас
Се купува нова и ти ја заверуваат. Не треба кога одиме кај матичните, ама за некои работи бараат здраствена книшка. @Lady17 во чаршија скоро во сите златари кратат.
За што поклон? Можете блуза, пижами, постелнина, ќебенце. Некој сет за кафе, чаши. Зависи каква е жената. Ние ова о купиваме на баба ама нашата е 80+ сега не знам дали исто сакаат
Дали може боледување да се отвори утре(среда) дека денес не работеле, за понеделник вторник и за среда? Матичните имат ли такво право?