За гадењето антиметил или наусолвит, за проливот јаглен 4-5 таблети раствори си и електролити обавезно. Ние го поминавме пред една недела вирусот еден ден траеше ама уште не ми е како шо треба стомакот
На комерцијална 3 проверување беа бесплатни Јас најчесто ја користам на Уни банка сметката.. Апликацијата им е топ.. Стига известување од неа за прилив.. Ми стига смс за плаќања..
Мислам дека работат бидејќи утре е верски празник, јави се и прашај. На страната пишува дека работат со регуларно работно време.
Ми пишаа порака дека можам утре да одам да подигнам пратка, ама како автоматски таа порака што стига. Ама сепак ке им се јавам утре фала ти
Здраво. Некој да знае каде има за тренирање фудбал и кошарка (на исто место) за дечиња? Околина Ценар, Карпош.
Има цела тема со многу поделени мислења во Свадба. Секако зависи од многу фактори, но според мене од 2500-3000 денари по човек е минимум во денешно време.
Zdravo Dali nekoj znae kade bi mozela da najdam detski trotineti 8+, od onie sto se so edno trkalo napred i edno pozadi, a da ne se preskapi?
Дали на клучар можат да ми ја прочитаат шифрата за влез во зграда од тагчето (малото пластично што го користам за да отклучам)? Имам правено копии од тоа за да имаме повеќе, ама дали може бројот да ми го кажат, зошто одговорните од зградата ме игнорираат.
За пролив Ентерофурил таблети, за повраќањето Антиметил таблети. Пробиотик некој обавезно и кока колата е добра во ваква ситуација. Не јади штом неможеш ништо, веќе наредниот ден земи нешто лесно или овошје. За треската два Парацетамола или Тајлол Хот испиј. И ОРС Електролити ако можеш. Поздрав и со лесно.
Ова е поактивна тема ќе пишам тука. Можеби некој ќе види и ќе ми помогне. На помалата сестра денес и се уписите на факултет, но државјанството и го нема. Каде може да извади ново и најбрзо? Дури и да е со брза постапка, би платиле поскапо, само да ја примат. И дали можеби можат да ја пуштат, ако им ги однесеме државјанствата на мајка ми и татко ми. Дали би и прогледале низ прсти за упис, па после накнадно да им го донесе новото? Ве молам ако некој бил во слична ситуација или ако знае нешто, да ми пише, фала ви.
Зошто кога враќам или менувам облека на пр. Ваикики,Синсеј,Том тејлор даваат да пополнам изјава со име и презиме и телефонски број? За што им служи тоа?