Здраво што се носи на забава за откривање на пол на бебе? Обкека и играчка за бебе може? А благо се носи?
Ова баш е нов “адет” кај нас Јас би купила нешто скромно интересно, универзално и/или корисно. Пример украсна кутија со пелени, влажни, мече нешто така. Благо нема потреба
Каде можам да најдам хартиени ќесенца за сендвичи? По можност онлајн, до пред 3,4 месеци имаше во Стокомак ама повеќе не донасаат.
https://www.zegin.com.mk/mk/sophie-la-girafe-mnogu-meka-glodalka-igrachka-zhirafa-so-prsten-0m Ова ти е универзално а секако ќе им треба
Девојки, каде може да најдам ваков сталак за балони (Џамбо, Бит Пазар?) без да го нарачувам и да плаќам исто толку достава? Еден ми треба https://www.bubamaraigracki.mk/rodendenski-dekoracii/stalak-za-baloni?limit=100
Пријатели, дали познавате некој/а што издава вака отприлика уреден стан во Скопје? Ентериерот да изгледа како 80-тите или 90-тите години? Потребен ни е за снимање сцени од филм, на една недела. За цената би се договориле.
Да се купи и издава е секогаш подобра опција, ќе имаш недвижност која можеш во секој момент да ја продадеш, плус ќе си земаш кирија
Истото би му го рекла. Поготово ко шо рипа цена на м2. За две-три год ќе земеш ехе. Плус пола од цената шо си го купил
Ако ги чуваш парите како пари си во загуба, ако имаш пари за да купиш стан без кредит наместо да ти стојат во банка и да ги јаде инфлација најдобро е да ги вложиш во некое добро, дали тоа ќе биде злато или недвижнини не менува. Станот како стан може да биде asset или liability како и да е во двата случаи си во поголема добивка отколку да чуваш пара во банка.
Најди си добар брокер и инвестирај ги парите. Купено КМБ на 9000, 12150, 18200. Денес КМБ е 23,900 со тенденција да оди нагоре затоа што ја купуваат Стопанска Битола. Најбрзите пари на 12150 и 18200 се направени. 12150 имам купено во Март 2023, а 18200 годинава е купено по поделба на дивидендата. Не се глупирај да си ги врзеш 60,000 евра у недвижнина која тешко се продава (знам имам и празен стан замисли у Карпош и замисли никој не сака да го рента). (Океј ќе се селам таму така што и никој не го рента моментално). Воа не е финансиски совет, јас сум само неписмено говедо шо го слуша татко му шо да праи со парите (работи сеа за сеа).