Да, но прво треба да се донесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка
Ај некој од Битола нека пиши од Болницата на кој спрат кој оддел им се наоѓа. Мислам само дека гинекологија им е на трети,ама другите не ги знам...
Дали знаете во Скопје страници за продажба на станови изградени или пред градба?Контакти исто така од асални градители и инвеститори?
Многу девојки имаат пудра како стакло и шминки кои изгледаат мн убаво. Срам ми е директно да прашам која пудра дека одма ќе ме погледнат во моито лице. Мислев ќе прашам една мајка од школо, таа од скоро почна така да се шминка ама 9ти месец пред пораѓај и не доаѓа веќе, од пред неколку месеци почна така да се шминка. Некако се познава истите шминки дека се, истата пудра. Која пудра би можело да е? Има ли некој таква?
Оваа тема гледам е најактивна и реков тука да прашам? Пред година дена со блиска другарка живеевме врата до врата и секогаш кога ќе бевме дома секогаш иницијатива имаше кафе да пиеме и тоа обострано. Пред година дена правеше веридба и за веридбата мене ништо не ми кажа, ниту ми рече да дојдеш ниту покана и јас во план не ме покани не одм. На денот кога ја правеше јас излегов надвор саат ипол пред да дојдат луѓето зошто е невозможно да не се видиш ако излезеш и мајка и ми вели ти што не си уште спремна и јас се спремив купив поклон и отидов. Доаѓа време за свадбата знаевме дека ќе сме поканети но за адетите од ден пред тоа и за сабајлето ништо не ни кажаа и јас додека пиеме кафе ја имав прашано за канењето за сабајле како ќе е, таа ми даде одговор дека блиските си знаат ќе си дојдат, јас размислив и реков да не испадне како веридбата и бидејќи јас си ја сметам за блиска реков ќе одам и така купив многу убаво цвеќе и отидов, ама некако нногу не се чувствував баш најдобро, посебно мога видов дека на една и дава едно поклонче кои ги имав видено предходно и кажав дека се преибави и ми спомна само за моите се, а мене не ми даде, сега исто правиме муабет со нејзините и тие спомнаа дека ги канеле роднините и им кажувале да дојдат, но некој не дошол. Исто вечерта ич внимание не ми обрна, што не замерувам и пршањето е сега дали згрешив што така постапив ?
Па, според одоговорот што ти го дала не те планирала да дојдеш. Не те планирала ни за веридбата ама мајка ѝ што те сретнала непланирано те викнала. Може ти ја сметаш за блиска, ама другаркава тебе не те смета, не се ставај во позиција да молиш некого за дружење.
@magic.girl не те поканила на веридба значи не те планирала, можеби она не те смета за блиска личност, можеби си кани само роднини...нејзина одлука, не знам зошто си отишла не сфатив баш. Не сфатив направи свадба те покани, не те покани. Ако не те поканила не одиш и готово. Така си има испланирано нејзина работа, не е ништо страшно.
Дали некој може да ми каже каде да се обратам, мрднативе од стопанска банка не сакаат сметка да ми затворат, немам кредити, немам ништо не должам ниту некогаш сум должела, ме зезаат секој пат дојдете утре, дојдете задутре, постои ли некој надлежен или?
Електронска пошта за контакт за физички лица во врска со работењето на банките pretstavkifizickilica@nbrm.mk
Ќе ставаме ПВЦ кафени прозорци,е сега јас не сакам ролетни, сакам зебра завеси. Прашањето ми е дали облекуваат/оштетуваат прозорците од сонцето? Некој да сподели искуство
Здраво. Поканети сме на крофни, родителите се странство преку океан и си идат на 5-10год еднаш.. Прашањето ми е дали ќе биде страмота само со благо да појдиме. Или па пари да дадеме па нивните родители да му ги пратат. Незнам....
Препорака за rent-a-car агенција за низ Мкд, и ако имате инфо колку отприлика би ме коштало за 3 дена?
Не требало да одиш, не те планирала за те покани, бидејќи не те сметала за блиска, и мене исто ми се случи, со едно девојче од маало заедно бевме на факултет секој ден, заедно во читална, секаде заедно, кога кажала ДА, јас и пишав да и честитам, ми пишала фала, за веридба и за свадба не ме покани, толку секој ден што бевме заедно, на свадба и сама кажа после тоа кога ја сретнав ојлевци дојлевци викале и нејзините и на маж и родителите, 450 гости имале на свадба.. Си помислив види мајката, толку луѓе што имало, не и текна на мене да ми прати покана за на свадба да ме викне, заедно пораснавме во маало, на факултет заедно, во читална заедно по цел ден учевме ама нејзин избор е, ако не сакала да ме викне, тоа е.. ПС: Едвај чекам некој да пише гарант знае како си потпишана на Фемина и те чита во темата за поклон за свадба па затоа не те викнала..