Дали знае некој како да го најдам кецот во играта - најдете ги бројките, левел 3? Никако не можам да го најдам
Спојлер Прашањево можеби не е за тука,но го поставив уште пред неколку дена во соодветната тема но нема одговор.А бидејќи оваа тема е по активна,затоа решив да прашам тука Девојки,ме интересира дали некоја од вас имала искуство со студио ТРОПИК МС и со студио ВА ?(војкан андреевски).фала многу.
Мора да има во овие продавнициве за техника и електоника, Сетек, Анхоч, Амц, Нептун, Техномаркет, јас мислам да отвориш на нивниве веб страни па да разгледаш. Барај кај разно, таму се овие работи класифицирани. П.С како што гледав вака по страниве што ти ги препорачав над 2000 се.
Луѓе во петок во школо има забава да одам или не? Прошлата бев и беше баш досадно,сега да одам или не? Се двоумам Ај кажете што да правам
Дечки некој да не знае дали се пуштени пензиите? Баба ми запна да одиме утре, па да проверам дали се пуштени.
Оди бе цвете! Што ќе изгубиш ако отидеш? Можеби баш нешто интересно ќе се случи па ќе ти биде криво подоцна.
^ јас ги обожавам нашиве забави во школо,како во диско ни е,ди-џеј ни носат,несмеам да прошуштам ама само 2 пати годишно имавме,и почнавме со забавиве од лани,кога ни ја сменија директорката
Кај било кој саатчија, од 100 до 250 денари би требало да е. Знае некој кое му е работното време на Хубо маркет?
Лани кога вадев картичка од банка ме прашаа за што ми е и јас им кажав за тоа моментално што ми требаше. И одам денеска да извадам број од трансакциона на лист од таму и гледам ми го пишува тоа горе за што ми требала картичката, а сега бројот од трансакционата ми треба за друга намена. Знае ли некој дали може да се смени тоа во некоја од банките?
Сигурно имало недоразбирање меѓу тебе и шалтерскиот работник.Треба повторно да се обратиш во истата банка каде што имаш отворено трансакциска сметка.Друга банка нема надлежност ништо да менува кога станува збор за отворена сметка.
Јас кога вадев во банка имаше прашање во формуларот за што друго би ја користела. Види таму разбери се со нив, прашај ги дали и како може да се среди тоа.
од каде да почнам да го барам свекорми (да е до мене ич не би го ни спомнала ама ми е жал за мм) го нема веке 25 год знаеме само дека е во италија др работи што ги кажуваат мислам дека се само празни моабети. Извинете ако не е соодветна тема за прашањево ама незнаев каде да го поставам
Прва работа сте го побарале ли на фб? Смешно звучи ама денес и стари и млади на фб се па да се обидете.
сум пробала ама па не е еден со исто име и презиме нели а може мислам дека и го има сменето името и презимето што знам.. јас пробав и преку полиција тие ми викаат сега ви текна после 25 год ама и тие ќе го бараат со години а јас сакам побрзо