ќе ја изгуби сигурно ако го пријават, со договор за дело, може и на своја сметка да прима, јас така работев.
За агресивни кучиња опциите се тренинг или еутаназија. Трето нема. Бидејќи технички е улично куче, не можете да го земете и дадете на тренинг дури и да сакате, нема да соработува, не е навикнато да биде затворено. Во мегувреме никако да не даваш пристап на детето до кучето, дури и да има возрасен присутен. Кучето покажало агресија кон мали животни, многу лесно може тоа да се манифестира и кон мало дете, дури и да не било агресивно кон луѓе досега.
Чаре за дебилов што прави пречки на патот? Едно време наутро издвојував време и ги тргав, ама тоа големото парче тежи премногу и не вреди да се мачам кога на враќање гледам дека пак се уредно наместени. Полиција би се замарала? Има некаде на др место да се пријави?
Не му паркираат, нема како, ептен е тесно од зелените огради. А и да е така, не е проблем на нас граѓаните, би требало да си го реши на друг начин. Сите ако си праиме како ни одговара, кај е крајот. Тука едвај проаѓам јас со точак, а замисли со количка да си или инвалид. Ме нервира фактот дека упорно ги враќа назад, значи не му е гајле што сметаат, т.е. тоа му е целта. Башка што го има оштетено патот кој не е негов, вадејќи ги бекатонките. Сега барам цивилизиран начин да се реши проблемот. Ако не, доаѓам лично со кола и собирам сè, потполнувам дупка, па да видиме понатаму како.
И ти мислиш полицијата ќе дојде за еден камен на патот? Може еднаш ќе дојдат ама после пак ако го стават каменот? Пак ли ќе идат? Само да разговара со тој шо го става каменот. Друго чааре нема.
Здраво, дали некој од вас имал искуство со враќање на пратка од Sport Vision или Buzz? Нарачав патики и не ми де точни. Дали ги рефундираат средствата и отприлика за колку дена?
Па нека разговара полицијата. Од кај да знае за каков човек станува збор? Од ова што го прави сигурно не баш нормален.
Јас во Лајка кога пријавував, не ми ни одговорија. Па кучето настрада во пожар, живо е и моментално го нема кај што беше, веројатно е на лекување Ако дознаеш каде се пријавува, те молам пиши ми, да знам и јас. Једино да го земете и однесете некаде подалеку од вас, само тоа ми текнува.
Ништо страшно де, ќе се јавиш на онлајн телефонот и ќе прашаш. Имаш и на страната пишува како иде поврат на онлајн пратка. Враќаат и пари, не се секирај.
@Kalince1996 од buzz немам нарачувано, но од sport vision ќе им ја вратиш пратката, на маил ќе им напишиш твоја трансакциска, и во рок од 15 дена мислам беше ќе ти ги вратат парите
Во локална продавница купив браво кафе од тоа со награди и ми се падна филџан, ама кога појдов со паковката ми рекоа дека пошто мала количина на кафе набавувале дека помала продавница, па не им оставале награди за доделување. Дали може со паковката да појдам во поголем маркет и да ми дадат филџан иако кафето не сум го купила од таму? И во кој маркет сигурно имаат?
Да можи, мислам дека на никој не им остават награди туку си ја нарачват наградата... веро, тинекс, жито маркети пробај во поголемите
Мислам дека има коски со некое смирувачко дејство. Ако правилно разбрав, чисто во муабет се најдов. Прашај во пет шоп.
На мојддв сакам да сменам трансакциска, пишувам пасворд и се што треба и ми дава цело време, дека нема конекција до ујп... Што да правам сега? Ќе пробам и утре ама ако пак не сака? А сметки да скенирам можам, ама сметката да ја сменам не можам никако
Јас тука на улица возам. Не верувам дека е заради паркинг, мислам дека мотори му поминиваат. Не е во ред секако. Цивилизиран начин... Земи му ги товари ги во кола, па нека си бара други.