Мене истото ми се случува со НЛБ, пораки и мејлови ми стигаат за ажурирање на податоци а немам сметка во НЛБ. Вчера ми се јавија и на телефон, викам грешка имате, сметката е оддамна затворена, 2+ години, ми рекоа извинете ќе запишам хаха
Еј и мене ми дое смс, ако не апдејтирам нешо податоци ќе ми ја блокирале сметката. А не ја користам пошто се најдебилна банка. Ако ми блокираат сметка со 0 ден на нејзе, да не треба паушали нешо да плаќам? Денарче не би им дала. Многу пропадаа како банка и однос со клиенти, и имаат ептен одлив на вработени.
Мајка ми дека имаше полномоштво за татко ми, имаше оставено нејзин број. И на неа и стигнало да ажурира податоци пред две-три години, сега брзо повторно и стигнало порака, а сметката откажана е, татко ми е починат. Исто баба ми за пензија беше на Стопанска, јас имав полномоштво, и откако почина ми стигнуваа пораки.
Идиоти.. пропаѓаат полека но сигурно. А глеам овде доста се жалат од лош однос, па да НЕ СМЕЕШ ни сметкам да затвориш. Друже мој, мои пари кај сакам ќе чувам.
Телеком имаат наградна игра преку АПП, и кликам шо сакам да одговорам/играм, и ако идам играј ме носи на моментс. Која е поентата? У чет бот ова. А не дава да пишеш
Одам таму, ама ме носи на фронт пејџ, кај што се понуди, Томбола и исто, ми искача цело време подарочено кога ќе отворам апп, и ќе кликнам на него и пак ме носи на фронт пејџ од моментс
Па томболата е наградната игра. Велосипед, тв, телефони, патувања.... Само одбери кое го сакаш и одговори на прашањето.
Законски ако поднесеш барање и неамаш никакви обврски мора да постапат по барањето и да ја затворат сметката. Поднесете писмено и барајте да го заверат. Секако барајте и потврда да ви издадат. Ако одбиваат и покрај тоа да затворат пријавете во НБРСМ има комисија за заштита на потрошувачи.
Дали може некој да ми објасни која е постапката за одење во старосна пензија? Барам на нет, ама не се разбирам баш... Значи ти треба Образец ПЗ т.е. барање, и некоја потврда за стаж од Пензионо, или? И тоа е се?
Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж. Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година. За определување на пензиска основица, покрај месечниот просек на плати, се зема и надоместокот на плати, односно паричниот надоместок во случај на невработеност. Старосната пензија се утврдува од пензиската основица во проценти определени зависно од должината на пензискиот стаж која за секоја година пензиски стаж изнесува 0,75% (маж), односно 0,86% (жена) од пензиската основица, а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 0,375 % (маж), односно 0,43% (жена) од пензиската основица. Најнизок износ на старосната пензија остварена од задолжителното пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност и пензијата остварена од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување не може да изнесува помалку од утврдената просечна плата на сите вработени во Република Македонија во 2002 година, и тоа за: корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 35 години (маж), односно над 30 години (жена), во висина од 41%, корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 25 години (маж), односно над 20 години (жена), во висина од 38% и корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж до 25 години (маж), односно до 20 години (жена), во висина од 35%. еве https://www.financethink.mk/penziskiot-sistem-vo-makedonija/ https://www.financethink.mk/wp-cont...akon-za-penzisko-i-ivalidsko-osiguruvanje.pdf Законот