Хмм, еве сега само што ја отворив повторно и од компјутер и нема никаков проблем, освен што малку побавно ја вчитува. Види пробај да ја отвориш со мобилниот интернет а не се домашниот...
Некој да користи m-banking на Стопанска АД Скопје? Само го пишувам кодот за влез во апликацијата да ги видам моите сметки и ми бара код за плаќање(токен) Да не е некој напад да крадат информации и пред некое време имаше грешки на апликацијата нивна
Да, кога ќе се кликне на тоа не отвара ништо, најверојатно имаат проблем со тој дел, ако ти е итно нешто најдобро утре барај ги на бројот за контакт што го имаат на веб страната.
Не е тоа прашањето, токен имам ама не треба да бара само при проверка на сметка, токен се користи за плаќања и не ти даваат само во банката, можеш сам/а да активираш Свеста ми се зеде
Да точно токенот веќе не го даваат само во банка како порано, туку сега можеш да го активираш преку апликација. Добро ти напиша дека за да можеш да ја користиш апликацијата (во што спаѓа и проблемот со проверката на сметка) ти е потребно токен, што не е точно бидејќи за проверка на сметка преку апликација не мора токен, тој е потребен во случај доколку плаќаш нешто, префрлуваш парични средства од смета на сметка...
Абе многу почнале да се занесуваат. Не смее тоа ,,неќат да ми затворат сметка”. Наши пари кај сакаме ќе чуваме. Не знам шо им е
Не им одговара да губат клиенти. Кога ќе идам за Мк пак ќе им отидам и нема да излезам додека не ми ја затворат сметката.
Нема да дочекаш Мене фирмата ми е затворена 2 години веќе, значи за правна сметка зборам, ми стигна смс завчера да сум идела да активирам Мтокен Важжжжжжжи
Од вчера им е наложено од Народна банка да ги засилат заштитите на токените. Имавме проблем и на работа со сметката. Кај мене на мобилната апликација при првото отварањето наместо пин , ми побара пин за плаќање-токен и понатаму се најнормално. А кај колегата кој нема инсталирано и токен на апликацијата не му отвара воопшто апликацијта, го пренасочува да пишува број на сметка и слични работи и на крај СИСТЕМСКА ГРЕШКА.