Знае некој колку (работни?) дена ја чуваат пратката во база во Карго Експрес пред да ја вратат на испраќачот?
Што е работава со токен да ми објасни некој. За стопанска се работи. Прво ми стигна смс за да ја кпристам апликацијата да одам во некоја од нивните банки да ми активираат токен. Бев да прашам и како и секогаш, ги мрзи да работат. Ми рекоа дали ми е за плаќање, им кажав за состојба следење, и ми рекоа после први ако не ти работи апликацијата дојди во банка пак. И сега кога се најавувам ми бара токен, не можам ни состојба да проверам.
Доколку им се јавам и им речам да ми достават до адреса ќе достават? Бидејќи не бев в град кога ме побараа минатата недела.
Имам облека од 0месеца до 1 год. за машко бебе дали може да ја динирам во некој дом за деца? Опрана по 1 облечена без флеки пак опрана и дигната... и памперс имам за донирање
Имаа апдејт на апликацијата и кај сите бара активација на токен. Сега како што разбрав сите ќе имаат токен, не битно дали прават онлајн трансакции или не. Јас претходно имав активирано, ама после апдејтот исто беше и кај мене, следев чекори и сега немам проблем. Јави се во контакт центар за да не чекаш.
5 дена велат ама во мое искуство е повеќе зошто за еден пакет не ми јавија па по две недели ми јавија дали ќе одам да ја земам или да ја вратат (ко скроз глупа ситуација, поклон беше башка шо не очекував дека е пратено оти не бев известена за после некој ден по праќање да одам сама во случај да не јават, а им се случва). Ојдов да ја земам најбрзо шо можам, сат дали имаше. Веќе ја вратиле од кога ми јавиле. Така да оди побрзо. Ако им јавиш и замолиш можеби би ти донеле до адреса ама до сега на никој шо знам не се нафатиле од кога ќе вратат во база да одат пак до адреса.
Можеш да ми пишеш лп, јас донирав пред некое време на многу луѓе им е потребна. Ми дава дека не можам да ти пишам затоа
Појдов си ја зедов дур се мислев, и баш пред мене имаше некој на кој му кажаа дека 2 недели не си ја подигнал пратката пред да ја вратат. И моето инаку беше пратено без известување тука в град, инаку ќе кажев дека сакам на вистинската домашна адреса.