Во ред тоа, само ми е малку шубе искрено дека се работи за малку поскап часовник… Од друга страна не ми се даваат над 1000 ден. за батерија, оти толку ми побараа во продажен салон од кај шо го купив…
Во ГТЦ има меѓу пролазот кај НЛБ банка менуваат батерии. Продавница е за рачни часовници, луксузни брендови но има внатре и за поправка или менување батерија
Зависи на која банка уплаќаш. Пошта соработува со Халк Банка. Ако уплаќаш на нивна сметка провизијата е 35 денари. За другите сметки е 70 денари. Во банка е најверојатно, исто.
А нема везе сумата? Треба да уплатам 18 400 ден. ЕДИТ: Сега пронајдов на страната на пошта дека до 12.000 ден може да се уплаќа, а електронски 15.000 ден. Останува во банка.
Мислам дека си од Битола, оди во часовничарот што е во пазарот погоре од Улав сте, таму менав јас батерија на скап сат еве го повеќе од година и пол си тера без проблем, не се сеќавам колку платив 200,300 денари...
Има и во Бисер, прашај таму. Јас одамна од таму сменив за 150 ден. за Casio, ми траеше околу две ипол години, сега случајно бев во помал град, наидов на часовничар, за 100 ден. батерија и за вага купив батерија 100 ден. поголема.
Јас исто на доста скап часовник на зелен пазар ставив батерија за 100ден. И плус стеснување на ремчето. Досега си функционира океј
Па и тие по продавниците ги земаат од исто место. Јас на едни сандали со саат одамна од Зелен пазар сменив батерија, ми траеше две ипол години.
Девојки дали знаете некој да прави достава од Бугарија или Србија, сакам да нарачам пар работи од Декатлон
Не ми се смејте ама не сум ич упатена, ако не сакам да ставам евра на штедна книшка, постои некој друг начин, може на сметка или, на сметка само денари се?
Имате идеи да ми споделите за изненадување? Потребно ми е поточно за годишнина, но не сакам поклон или нешто предмети.. сакам доживување. Ќе дадам пример, лани направив кога ќе стане од спиење имаше на маса листа “досие” и мораше да го пронајде крајниот резултат. Да спои букви, па го праќа тоа на друго место.. како детектив на некој начин. Нешто таква идеа каде што денот ќе го поминеме во доживување да не биде поклон класика