Слабо купувам работи од Дм, покрај креми што користам, ме интересира дали има во Дм маска или што против затегнување на лицето? Користев гел од ла рош и супер сум задоволна ама има ли во Дм нешто такво, чисто да сменам? Инаку, имам премногу сува кожа...
Дали има место во Скопје каде би можело да се перат алишта, а цената да не е по парче облека и да е со пристапни цени?
Мачка во вреќа ти е тоа. Јас имам од веро некои земено ок се. Имам и од овие како базаро и сл. секоја втора/трета е ок. Од икеа исто од 3-4 пола пуштаат.
Здраво, сакам да отворам како мал бизнис - онлајн продажба преку инстаграм, па ме интересира доколку некој веќе има своја продавница да ми објасни дали треба да се отвори фирма, да се пријави и како одат тие работи.Ви благодарам Исто и доколку соработувате со некоја карго компанија, која би ја препорачале за достава на територија на МК
Дали има некоја членка од Кратово да ми каже каде е најубава пастрмајлија во овој град,во кој ресторан да одиме и каква би препорачале?
На која фирма се тие од Веро? Јас пред неколку години од Рамстор земав од фирмата ,,Brio,,уште ги користам,сега и тсму ги нема.Ако некој знае каде ги има да каже ,веднаш да кинисам .
Некој што пробал "дубаи чоколадо" ? И што е фамава со него не разбирам.. Само тоа ми излегува по социјалните мрежи..има ли кај нас нешто такво?
Од летово прв пат ко излезе го меркам, никако до него да стигнам. А се имам дома. Искрено сите три работи/ состојки ги јадам и скроз можам да видам како би имало предобар вкус. И зато толку време се канам да го напрам ама никако да го напрам.
Утре планирам да го пробам конечно. Бидејќи обожавам благо со ф'стаци. Во слаткарницата тука мислам пишаа дека е 100 денари. Треба да го има во повеќето сега.