Може на некој ќе му звучи глупо, ама морам. Може ли пример за business dress code i business casual? Ја си носам, пантолони, кошула сако. Ама исти такви комбинации ми дава и за business casual. Нели второво може да е место пантолони, фармерки, и пример место штикли/кондури, патики?
Тамам си. Бизнис дрес код е пантолони/здолниште, кошула, сако, чевли на потпетица. Business casual може и џемперче, блуза, ниски чевли, а во уште полајт варијанта да може и фармерки иако кај нас во фирма на пример фармерки не се во casual опцијата.
Здраво, видов по продавнициве за техничка роба реклами за купување на рати без камата. Дали би можел некој да ми каже како оди порцедурата и дали има некои скриени трошоци?
Ако те интересира од Сетек конкретно, треба да земеш кредит од банка, мислам преку Халк дека беа, ама не ме држи за збор за банката, и така можеш да земеш уред на рати таму со тоа што ќе земеш кредит.. Преку Нептун, ти даваат барање за кредит кое мора да ти го потполнат во фирмата каде што работиш и треба да однесеш извод на сметка од последните 6 месеци дека си земала плата да видат, исто е земаш кредит од банка, па на банката и плаќаш.. Имаш камата, за уредот не, ама за кредитот ќе имаш, во ратите што ќе плаќаш на месечно ниво ти е вклучено, некоја провизија таму.. Веројатно има опција и преку овие Иуте и други брзи кредити да земеш..
Кај сите е така, кредит земаш, па банката плаќа на Сетек, Нептун, па ти после и плаќаш на банката, само што процедурата за земање на тој кредит е олеснета и се зема кредит за многу кратко време..
Наједноставно е со кредитна картица, на лице место се купува на 12 или 24 рати и нема камата. Е сега проблем е што целиот износ се рачуна во лимитот на картицата. На пример мене лимитот на картицата ми е 90,000 денари, купувам машина за перење 25 илјади ,на 12 рати, ама првиот месец , можам да трошам на кредитна картица 90000-25000, следниот месец 90000-25000 - првата рата околу 2000 денари и така понатаму. Камата има кај кредитната картица согласно политиките на банката.
здраво дали некој знае дали треба виза за франција за патување? ако треба колку време треба за да се издаде?
Има некој што тв и нет е на Телекабел? Моментално немаме ниту тв ниту нет, нормално научна фантастика е да ги добиеш на тел. Да не имаат некој квар ако знае некој инфо?