Поднесов електронски и гледам готова ми е потврдата дека немам забрана за вршење професија Каде треба да ја подигнам? Пишува првостепен орган е Централен регистар Да не треба нешо до суд ?
Каде поднесе елктронски? Во судот или во централен регистар? Јас имам вадено и од судот и од централен регистар кога се вработував. Прво на едното место поднесов од судот и ми го примија. После кога се вработував на друго место пак им дадов од судот,ми рекоа извади и од централен регистар.Мислам дека треба од централен регистар.
На страната e-uslugi gov Таму има за секој документ од секоја институција Пишува дека е генериран, претпоставивам дека е готов Ќе одам до централен тогаш Фала ти
7Days имаа наградна игра, се рекламираа на билборди и онлајн, се учествуваше со праќање СМС и требаше задолжително да се чува фискална сметка. Кога дојде време за извлекувањето на главните награди, го избришаа Инстаграм профилот и никому ништо, исто како да не било. Има ли институција во која може да се пријават за scam?
На фејсбук профилот 7Days Macedonia сѐ уште си објавуваат рандом постови, луѓе ги прашуваат во коментар што се случи со наградите/добитниците, одговор нема. Дури и постовите за наградната игра уште стојат, ги немаат избришано. Ме чуди и мене, голема компанија се, како си дозволуваат вака, не е некој лажен профил од некоја непозната фирма, па да измами лековерни луѓе; дополнително да беше лажен профил кој се претставува како нив, досега ќе дадеа изјава дека некој во нивно име лажира наградни игри.
Пречудно. Треба да излезат со официјално известување... Всушност, требало до сега веќе тоа да е направено. Катастрофа, еј! Сакајќи да си пумпаат маркетинг, си направиле контра-услуга.
А кај се иде за да ти ја овозможат функцијата онлајн да можеш да аплицираш за вадење документи? Основно ниво ми е, со него не може да се поднесува. Едино еднаш за пасош закажување и лична карта поднесов онлајн, за другиве документи не дозволува.
Сега да на картичката каде што примам плата. Порано имав посебна сметка па таму префрлав некое време додека да соберам доволно пари за тоа што ми требаше и после не сум пак ставала, ми стојат на тековната сметка.
Може две сметки на мое име во иста банка? Ако ми стојат на таа што земам плата ќе ги потрошам.Се мислам или пак штедна книшка да отворам.
Од општо прашање денеска издвојувам: Како изгледа срмен конец, ама во клапче? (Клапец, макара?!) Како се вика она намоткана конец? Клапец го знам.. Нејсе, дајте слика некоја.. Нарачав нешто, стигнаа безброј клапци дома, далеку од срма. Многу е тенок, претенок за филигран, ако знаете како би требало да изгледа тој клапецот, ве молам пратете ми во порака или тука. За будуќи идни незнајковци што имаат куп клапчишта дома и нема што да им праат.
Ги кажаа добитниците, имаа објавено на инстаграм профилот, но само со телефонски број. Исто, добитниците ги контактираа телефонски. Пријателка доби ваучер од Техно Маркет, па така знам.