Ако ја имаш апликацијата мКлик ќе одиш доле на тоа кругчето и на плати на пријател. Ќе те однесе во именик за преку број да пратиш. Кога ќе го стиснеш контактот автоматски си се внесува името и транцакциската. Јас вака знам и сум праќала, знам има и друг начин преку пп30 или пп50 не знам точно. Ако знае некој друг нека објасни.
Појди во Аурис кај АМСМ имаат црни со различни димензии, од најтенките што се 0,15мм до најдебелите 0,6-0,7 мм. Убави се и траат, моментално уште користам дел купени во 2022. Имаш и сетови од фајнлајнери и иако се за цртање, јас и за пишување ги користам, мислам дека сет од 6 со различни дебелини е ко 700-800 денари?
Не се нормални, ама очигледно никој не го интересира. Денес беше трка од 16 часот па натака, утре нешто друго.
Не се нормални, јас пред два дена чекав 20мин на партизанска и не дојде НИЕДЕН автобус. Макар селски или каков било (7,15,22....). Ништо не дојде. И морав со такси. Ова беше околу 18ч. Не беше среде ноќ. Полна автобуска, сметај дека само ја чекав 20мин, другите можеби и повеќе од пола час. А веќе е ладно
Не не, има само неколку линии во недела. Јави се на автобуска и прашај. Јас така правам кога идам за Ск.
Прашај во здравствено осигурување, ама мислам не мора преку социјално. Т.е. сега е само преку фондот За здравствено. А децата ќе се на негово осигурување ако немаат наполнето 26 години. Ако се на училиште или факултет, после 18 год. ќе треба да носат потврда од училиштето. После 26 не е важно веќе дали учат мора на сопствено осигурување, со иста постапка како невработени.
На мклик апликацијата одиш, бираш пп30, внесуваш број на трансакциска сметка, сумата што треба да се префрли и цел на дознака (уплата), и тераш со ред до крај. Нема врска тоа плати на пријател, никогаш не сум го користела, секоја уплата оди преку пп30, без разлика дали плаќаш онлајн, префрлаш пари некому и слично, освен ако не се работи за буџетски корисник, во тој случај оди преку пп50.
Кој знае дали добро го правам. Откако ќе потполнам сè, има опции: Одам потпиши налог, има опции: Кое и да го изберам, дава:
За електронски плаќања ти треба токен. Немаш? Мтокен е апликација за на телефон, а нлб токен е класичен токен (физички веќе не постои класичен токен, плаќањето се валидира преку телефон, ама опцијата уште си стои). Ако немаш токен, треба прво процедура за електронско банкарство за да можеш да плаќаш. (Јави се на 15600, види дали можеш телефонски или ќе мора да одиш во банка). Едит: преку токенот добиваш ОТП број со кој го потпишуваш налогот.