Значи со сигурност ќе ме казнат... оти татко ми упорно вика да одиме, море му викам немам зимски гуми.
Уживај, нема да те фатат, ние лани со летни гуми Февруари месец на Попова Шапка бевме, малку лизгаше нагоре, ама се искачивме и никој не ни пиша казна..
Можиш да возиш со летни гуми на сите 4 погонски тркала кои имаат 4мм длабочина шара и притоа задолжително со себе носиш ланци. Ако немаш 4мм длабочина на летните гуми ќе те казнат. А в гепек никој не го интересира каква гума носиш.
Шарата ти се самите каналчиња на гумата. А ланецот в гепек мора да ти стој без разлика имало или немало снег. Можиш со летни да одиш ама да се со 4мм длабочина шара + ланец во гепек или пак со зимски гуми кои исто се со шара од 4мм и без ланец в гепек. Ова е шара на гумата, треба да ти бидат гумите 4мм длабоки без разлика дали се летни или зимски, полицијата има апаратче за мерење длабочина, и ако возиш со летни ќе ти побара ланевц ако се зимски не ти бара.
45 евра за непоседување на зимска опрема. Пред да одиш, измерија длабочината на шарата на сите 4 гуми, ако имаш 4мм слободно оди и носи го ланецот со тебе в гепек.
Не. Стаж само со вработување Јас имам земено еднашка, од телеком следуваше. Имаше на самата страна како да се регистрираш и кои податоци ти требаат, башка не одеше со секој тел. Види провери. Ако те запре полиција и ако те проверат ќе те казнат 100%, е сега колкави се шансите да те фати нели… Ај сеа нема снег, ама не знам како ви се ризикува, па уше на попова шапка да се качувам (како што спомна членката)
Само собирам информации оти татко ми ме напна да ојме со нашата кола, а му реков дека зимава нема да имам зимски гуми, затоа што доволно се потрошив зак олата што ја купив итн, да не ја должам. Сега ќе му кажам да си бара човек ако сака да појдиме.
Да да мене ми е јасно за тебе, не тр напаѓам немој да ме сфатиш, општо ми беше коментарот (вториот дел барем). Во ск на пример, на водно ако одиш со летни ќе те казнат, а си викаме демек еве кај е, не го рачунаме како планина -планина.
Оти јас сум секогаш првиот што е претпазлив и не би сакал и воопшто да загрозам мој живот, на тој со мене што се вози па и другите возила, ама стварно ме напна денеска и реков почекај да се информирам барем вака со информации ќе ти кажам.. Фала во секој случај.
Што би можело да се подари како знак на благодарност на докторка која што ни помогна за голем проблем со детето? Жената работи во приватна болница, многу е скромна, културна, услужлива. Нешто што ќе и биде како спомен од малиот.
Како функционираат поените на клуб картичката на Zia? Не ми е јасно за колкав износ колку поени се добиваат и колку вредат?
Кај има накит од челик? Или сребро? Значи да не менува боја, да потемнува и слично. Онлајн по можност да можам да разгледам.
Здраво девојки ми треба препорака за евтин судски преведувач од македонски на хрватски доколку знаете препорачајте