Скоро дома се ми е Беко и тоа од поголемите апарати и сум задоволна. Пример фрижидер, шпорет, перална, машина за садови. Само нешто ситно зимам како тостер, блендер од другите марки.
Зависи кој ти се критериумите за апаратите, јас имав машина за садови и перење од Беко, не ме воодушевија ама си ја вршеа работата некој 7 години со мали забелешки кај машината за перење, кај машината за садови морав моторот да го сменам после некој 3 години. Вооглавно не се лоши, не се ни нешто многу добри. Порано повеќе Беко беа нешто средна класа накај ниска, сега поновиве се збори дека се средна накај висока, дека се подобри, а со оглед дека повеќето топ брендови се произведуваат во Турција, верувам дека се подобрени.
Имав бета борец рибичка 5-6 месеци, но последните две недели не сакаше да јаде и се беше на дното, денес ми умре. Некој што има риби ако знае до што би било да не сака да јаде ? И почна пашката како да и се раскапува
Што е ова бум.мк и која му е поентата? Нешто ко македонски фејзбук ми личи или некоја обична глупост?
Имаме посебна тема за малите бизниси на инстаграм? Оние handmade профилчиња за рачно нацртани шолји, накит, украси… Не знаев каде да прашам па си велам може најдобро тука
Социјална мрежа за земјоделци Само рурално Кој ли е македонскиот Зукерберг шо му дошло на памет ова да го направи
Ај идејата, името од кај дошло? Мислиш некоја терористичка организација во северен Таџикистан, не мрежа огласи да си пишуваат земјоделци
Кога ќе се отвори боледување на 7 дена, дали во тие 7 дена спаѓаат недела и празници? Сеуште не сум дооздравена, па не знам дали морам да се вратам на работа во вторник или може среда? (Ако не се брои недела и празникот денес, можам да се вратам во среда)
Да секако спаѓаат недели и празници, болеста не знае за викенди. Иначе од работа ќе ти скратат дневници за тие денови што си требала да бидеш таму, мислам 30% беше
Здраво феминки. Дали некоја знае дали можам од странство да пратам пари на некој во Македонија преку PayPal? Ве молам пишете ако знаете. Фала ви
Женски, кај е сега спикизи? Знам дека е некаде кај паб порта. Сакаме вечер да одиме, па ве молам за помош како да го најдеме
може да му пратиш на акаунт што има некој од мкд, ама тој нема да може да ги извади т.е. ќе може да ги троши од Пејпал акаунтот ама нема да може да си ги префрли на сметка во банка (колку што знам). скриен е во еден премин кај тоа казино/кладилница или што и да е, има на излог слика од Френк Синатра, малку е тешко за наоѓање ама таму е. води се по гугл мапс и ќе го најдеш