Глеј, ако пишење писмо на Дедо Мраз е за деца - тогаш јас и децата преубо си поминавме. Мајтап на страна, убо е и да не си дете ако сакаш убо украсени, светкави места. Годинава не бев, ама претходно имам одено и да можев и годинава ќе одев. 10/10
Сум била пред години, пред да станува така познато. Гужва ненормална и иако е доста интересно, не го препорачувам. Според мене е добро за посета ако ти е пропратно, специјално за до таму одење е многу малтретирање. Плус ако сакаш нешто да купиш, пример едно обично кафе има да се изначекаш во редица која е ненормално долга. Ако веќе одите, гледај тоа да биде барем преку неделата.
Дечки имам сметка во стопанска за да следам состојба само морам да активирам токен? Не ја користам за плаќање.
Да, имаат нови правила, иако не плаќаш треба е-токен (дигитален е, не е физички) треба да имаш. Оди во најблиската експозитура, ќе ти помогнат да ја наместиш апликацијата.
Вреди, сум била два пати до сега. Преинтересно е и за воздрасни не само за деца. Не сум начекала ниту гужва ни ништо, нормално има луѓе. Исто и цените не се астрономски, може да си дозволиш и кафе и топло чоколадо и сл. Може да не ти се свиѓа ако не си за такви работи, крисмас маркети и сл
Каде се купуваат украси и сваштарија за кола? Ко на пример, парфеми, освежувачи за воздух или како и да се викаат оние за у кола. И остали ствари? Знам на бензиските имаат у разни бои, едни ко човечиња. Но ми треба поширок избор. Дали има некоја поспецијална продавница? Од каде купувате? Само не ми кажувајте на интернет, оти треба да набавам нешто вакво интересно за помалку од недела
Има ок избор во Џамбо, и знам дека има една продавница во Чаир на почеток на главна улица е, имаат свашта за коли. Ама не знам како се вика
Ако некој сака да го проба, ќе го има и во Супер Кит Го. А, од наредна недела во Кипер ќе има 100грамско од друга марка.
Право Дубаи чоколадо е 3х поскапо поради процедурата за правење, а и ф`стаците се скапи. Ова е некаква имитација. Инаку да не ме сфатиш погрешно и јас се полетав, од една локална слаткара за 100 денари, и врска немаше.
Јас колку што разбирам од сликата, треба да овозможиш најавување со отпечаток од прст или препознавање на лице.
Бензински, големи маркети, Карбокс продавници (имаат и страна carbox.mk) и сите продавници за автоделови. Но, немаш нешто различен избор, горе-долу истата роба ти е секаде. Некој погоре го спомна Аутолидер во Чаир, ако бараш нешто поспецифично може таму да провериш пред да бараш од интернет.
Се сеќавам на Такис. Кога ги донесоа беа 500 денари. На крај , дека нашата куповна моќ не е секоја недела да купуваш по неколку или барем едно, кога стигна при крај рокот ги продаваа за 100 денари и помалку. Слично гледам се случува и со Старбакс лименките, шишиња и чашите. За цените во маркетите зборувам.
Дали на некого му позната некоја пејачка Митрички? Името не и го запамтив Ме интересира каква атмосфера прави на прослави и дали воопшто ја бива