Tezenis, women secret, bonati, tritex, стружанка, extreme intimo, yamamay… Имаш и во синсеј, ваикики, лиска.. ама не знам какви се со квалитет
Во однос на ова со немањево вода знае некој точно кои населби ќе имаат кој не? Поточно за Гази Баба, Маџари ме интересира. Од водовод викаат ќе нема, на интернет на некои статии пишува ќе има на други не е ни спомната Гази Баба како населба...
Дали има некоја страна каде можам да видам по (скопскиве) театри сите престави што се на репертоар? Да не одам на страна на секој театар посебно, туку сите на едно купче?
Вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска улица до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман. Од 22 вечер, до кога...не се знае, изгледа.
И ние сме од лева страна на Вардар, ама никаде не сме спомнати како општина, камоли населба. Ич не знам дали ќе имаме вода. Среќа за пумпата, ќе има бар за основни работи ако немаме вода.
Каде во Скопје нарачувате букети по пристојна цена? Цветен пазар, зелено пазарче, некоја локална цвеќара? На зелено пазарче најефтини 600ден, со 3 исушени, очајни гербери.