Е да, за натака врти 24 ка, а за назад застанува баш спроти Сити Мол. Па и 15 ка мислам врти после Сити Мол, а за назад мислам дека врти од кај Воена болница.
Има ли цвеќара во близина на Бутел/Радишани којашто работи во недела и кадешто прават убави цветни аранжмани?
За прва возачка по редовна постапка, кои документи се потребни? Колку пари е? И дали може со картичка да се плати?
Дечки ако има некој што одел или живее во Австрија да кажете искуство . Планираме на 1 ви да одиме накај Австрија со кола кај роднини,се мислиме дали да одиме преку Унгарија или Хрватска-Словенија,каде мислете дека е подобар патот,граници и слично?
Можеш и преку Унгарија. Скоро бев таму со кола и немаше гужви на граница. Патот е писта. Се е автопат.
Дали во Сити мол или Ист гејт има некое студио каде што ќе можат да ми испечатат фотографија на чаша или маичка? Порано во Ист гејт имаше киоск карши поштата, кај пет шопот, ама го затворија… Или било каде кај што ќе можат да ми направат ваква услуга многу брзо? Ми треба за утре
Дали некој рециклира шишиња во машините на Пакомак?Дали ќе може да ми објасни едно шише колку поени носи?
Јас рециклирам редовно,1 шише/лименка=1поен. Понекогаш има акции па вредат повеќе,на пример пред некој месец од скопско лименките носеа по 5 поени.Прима шишиња од 0.5л,1л и поголемите,и лименки.Мора да има бар код етикетата за да ја прими. Не прима од оцет,шампони и слично.
Супер фала ти! Ги немав забележано, ретко се качувам од тој ескалатор. Да, но не ми се допаѓа односот кај нив. Два пати во не толку busy период бев и не ми беше итно, можам да замислам сега какви се…
Се пишуваше месецов, ама јас не верувам дека е официјално, па ако знае некој да ми каже. Дали од 1 Јануари ќе може во Србија, Косово, Албанија без зелен картон? Или сеуште не е конечна одлука?
Таа вест беше актуелна во месец Ноември. На веб страна на Нацинално биро за осигурување на статија од месец Декември пишува: “Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија .Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.“ https://www.nibm.com.mk/NBO.nsf/Novosti/0CFF13FF60496D33C1258BE7003FC073