Препорака за шнајдер во Центар или Аеродром ми треба, за менување патент на зимска јакна. Еднаш го сменив минатава зима, пак се скина.
Знаете ли каде низ Скопје може да најдам алое вера кактус ми треба за лек можеби сте слушнале. Знам дека имаше продавница спроти зоолошка со такви алое но незнам дали уште постои. Ве молам доколку имате инфо да ми кажете, фала!
Дали знае некој што е работава или сум станал ко оној Електро од Спајдермен? Скоро секое нешто што ќе се допрам, како железо, телевизор, умивалник, фрижидер, кола, ме пецка струја. И тоа не само дома, туку и било каде на друго место. На ескалаторот во Сити Мол исто ме фаќа, на друга кола и тн. Ова не е често, туку на периоди. Повеќето пати е зимава и летото. Скоро секој ден е. Не можам да сфатам од што ме пецка струја.
Има. Сте биле во Михајлово на скиење? Гледам само 2 достапни вили на кајак, а детското одморалиште се реновира. Дали имате информација дали ќе завршат за брзо? Пониква гледав, премногу е гужва и луѓе на стазата. Никаква скијачка култура. А има повеќе сместувачки капацитети
Истото се случува и со друга јакна и со друга облека. Не со баш секоја, ама и со друга ми се случува ова.
Колку што знам не. Доколку државен празник се падне во недела се преместува во понеделник неработниот ден, ама ако е неработен за некоја верска заедница ( овдека православните) понеделник е работен ден.
Верски празник е, не е од оние за сите граѓани што се префрлаат и во друг ден ако се паднат во недела. Дали поместија наместо до 15 до 16часот за евтина струја? До 24та беше од 13-15 и од 22 до 7. Знам некој предлог имаа до 16 да трае, ама дали е започнато тоа не знам.
Јас мислам дека беше од како ја воведоа, до 16 часот. Може и грешка сум. Порано кога имаше евтина струја беше така, од 13-16, па мислев дека и сега е така.