Имав едно време комуникација со човек што поправаше телевизори, Човекот велеше, за да знаеш дали ТВ-то е добро треба да знаеш како се покажала шасијата на телевизорот, многу „странски“ компатии користат кинески шасии на ТВ, кои се сродни со некои други. Светот е глобализиран одамна. Треба да го знаеш бројот на шасијата, како се покажала низ годините. А, како да знаеш однапред? Гледај дали една фабрика има сервис и ги прави интегрално деловите, а не од различни места. Без разлика од каде е телевизорот гледај да има подолга гаранција, зашто што и да се случи мора да ти го поправат. И „најдобрите“ ТВ-а ако истуркаат 5 години е добро. СОНИ има специфични параметри и шасии, кои се тешки за поправање. Јас лично дома имам LG и знам луѓе кои имаат LG и еве го користам/користат над 5 години. Дали и твојот LG ќе се покаже добар? Само господ знае. Со други зборови не се води според брендовите туку според достапноста на сервисот и гаранцијата. Или прашај кај сервисери што долго работат, и тоа не такви што се авторизирани зашто тие наместо да поправаат менуваат цели шасии, така им е поисплатливо. Но, таквите се веќе многу ретки. Со среќа.
Ние го имаме овој, и сме пренајзадоволни, сликата кристал, голем плус, сѐ се гледа прекрасно. https://www.neptun.mk/categories/televizori/SAMSUNG-UE-50-DU-8072-UXXH
Алибаба е за нарачување на големо. Или големи машини, пример. Не е за ситници т.е. за еден примерок од производот. Евентуално, може да договориш да ти испратат пробен производ (едно-две-три парчиња) но, доставата е прескапа, нема опција за беплатен шипинг. И комплицирано е сето тоа, не е баш едноставно, мора да оди преку агент, бла-бла... Па и да не оди преку агент, пак е комплицирано. ЕДИТ: Имав и јас прашање: Дали во апаратче за течен сапун (оние бесконтактните) кое е наменето за пенест сапун, може да се користи било каков течен сапун или, сепак, постојат такви кои се само за пена? Не ми е јасно.
Дали некој бил во Грција сега после 01.01 ,дали треба да потполнуваме барање или уште не е стапено на сила?
Здраво, дали се уште важи законот да може да се продолжи работното место,односно да се одложи пензијата?
Какво барање? Освен дефициратните кадри жени одам до 62 со можност за продолжување до 64, а мажите одат задолжително до 64 и немаат можност за продолжување
Требаше од ноември да почне за земјите во шенген ,да се пријавиме електронски на кое место колку дена и податоци од нас . Тогаш го одложија ,рекоа од 2025 ама незнам дали е почнато.