сум кажала што е а не каде е за мене hock: кај студентскиот дом Кузман што е во Центар , малку подоле од гимназијата Јосип Броз Тито , во зграда кај што е Жито Лукс
За Прилеп незнам но во Куманово на пример шипка може да се најде во билна аптека и на пазар. Така да, ако има во Прилеп билна аптека побарај во неа, и веројатно како и на нашиот пазар така и во Прилеп секој што продава билки веројатно има и шипка.
Имам проблем деновиве со јутуб.... Има ли и некој од вас или до мене е нешто? Ми се врти тоа како да се пуни песната ама никако да почне
Не би требало, зашо кога ќе пуштам песна од пост од форумов си тече, нема гајле ама кога ја отварам страната јутуб.ком и јас сама ја пишувам песната, кога ќе ја најдам не сака да почне :'( п.с. Фала на одговор
Прават некои промени деновиве.. до тоа да не е Мене тоа ми се случува само кога ми е слаб интернетот.
Освен Wizz Air други поволни летови на приватни авиокомпании (или такви слични ) ако знае некој нека ми пише кај да барам. Итно ми треба!
Нели при увоз на стока од странство, мора да се царини стоката, па ме инетересира кој всушност го прави тоа, дали е тоа орган на ДРЖАВАТА, или има и фирми кои се овластени да го прават тоа ?
Сакам да знам која е процедурата со лекторирањето, има некој кој може да ме просветли? Многу често среќавам неточни реченици и баш ме интересира зашто бе не се лекторираат текстови?! Како може така било што да оди на печатење или онлине? Нема ли нешто закони/чуда работи према кои треба да се придржуваат медиумите? Толку ли е скапо да ангажираш лектор да ти среди текстот?
Имам куче,пикинејзер.1 година е и мајками денеска ми кажа ако не сме му нашле женско да се парат можело да фане беснило и да умре.Дали е вистина тоа?
Абе ова не е баш смешно , зашто за некои покрупни работи, на пример за полагање на некој важен испит, мислам дека треба да се поднесе доказ за промена на презимето (венчаница), бидејќи презимето ти се разликува од тоа во диплома. Тоа може да го проверат по службена должност по лична карта, ама зошто да се мачат. А за во странство не знам кој доказ би го дале кога би ја приложиле дипломата со едно презиме и пасош со друго, не дека ќе земат они да проверуваат, сигурно ќе треба некоја потврда од мвр па преведена на англиски или венчаницата преведена на англиски. Уште не сум имала потреба од такво нешто, нека кажат оние кои биле во таква ситуација, како го докажуваат идентитетот со моминското презиме. За промена, може да се промени лично име или презиме, си има постапка за тоа, ама ако променуваш на диплома од факултет, ќе треба да промениш и на диплома од средно, од свидетелства итн...комплицирано само ќе се заплеткаш уште повеќе.