Може пак да ги користиш, претходно исчистени од лепакот. Ако ги чистиш после секое вадење, може и повеќе пати да се користат.
Може, мене баш таму кај што одам ми велеле зошто не сум ги донела од минатиот пат, два пати сигурно можат да се искористат, повеќе не. Може од било која црква.
Мислиш како за дарување крв? Ако те боли воопшто вадење крв од вена - исто е. Јас генерално сакам од крв кога ми провервале крв така да кога дарував немав воопшто проблем. Не трај долго, прво хемоглобин ти проверват и да пополниш согласност и како кратка медицинска историја и после, барем мене, ме советуваа малку да полежам, па да поседам, па дур после ме оставале да си одам. За одење, можиш на настани најчесто организирани од Црвен Крст или дирек на болница. Јас си одев на трансфузиологија, си имат посебен дел за дарување крв шо е само. Јас зедов од пазар од пиљара/продавница кај шо продават благи и такви слични работи.
Исто е како Зара. За износ над 2590 денари (производи кои не се на попуст) е бесплатно, во спротивно се плаќа 249 денари.
Јас земав од Обуча Метро, оние како UGG што се. Задоволна сум, водоотпорни се и многу топлат Имаше попусти и до 50 %, провери сега дали има на нивната страна. А, и за децата од таму земав. Најтопла препорака.
Изгубив папка со документи. Не се премногу важни ама мислам дека во автобус ги изгубив. Има ли некаде каде можам да прашам (изгубено најдено)??
Види низ фб групите на изгубено-најдено или во оние на конкретна општина (често знаат да објават). На пребарувачот пиши dokumenti/документи ќе ти вади посекако постови, пробај и друга варијанта со најдени/пронајдени. И во ЈСП мислам имаат посебно за прашување (на страната ако им стоеше)..