У секоја ама ќе те отепаат, за евро ми дадоа 50 денари, за 2 100, поарно чувај си ги, или некој познаник ако ти ги смени.
За толку ќе ти ги сменат по нормална валута, ама за ситните, т.е. железните стварно даваат по 50 и 100 ден.
Сите 15 евра ми се ситни, ама јас можам да одам да им кажам скрупни ми ги во книжни евра, и во друга менувачница по нормален курс да ги сменам.
Е ова е трик прашање хахаха. Прашај си најубаво на лице место, ама мислам дека би требало да ти ги смени.
Каде да најдам детска електрична четка за заби односно ротирачка, "главата" баш да врти? А да не е прескапа Имавме досега еден куп демек електрични ама само вибрираат. Ги гледав во Кипер ги имаше и Зегин со Елса Ана(не ми текнувабрендот) дали уште ги има? Некој друг предлог?
Исто ко да кажеш, каде да можам да најдам ферари, ама да не е толку скапо. Земи си во Нептун поскапо, ама ќе вреди. Мислам дека само четките се менуваат, а другото ти стои со години. Јас сакав уште поодамна да земав таква четка, ги гледав во Нептун и стварно се скапи. Го прашав и забарот и вика добри се, само што се скапи. Или ако одиш во соседниве држави, види таму да не се поефтини.
Па скапи се и детските. Може не се скапи колку за возрасните, но сиг ќе треба да издвоиш неколку илјади денари.
Дали имате видено некоја наградна игра на инстаграм ама да е со собиирање лајкови? На пример сама да смислиш креативна слика како што бараат и ако собериш најмногу лајкови твоја е наградата. Имате видено? Не giveaway туку наградна игра.
Дали знаете каде се продава само даљинско за клима? Конкретно за vivax клима ми треба каде би можела да прашам? И ако има дали знаете која им е цената отприлика? Не знам како успеав да го изгубам…
Нема одамна такви наградни игри затоа што организаторите, т.е. профилите немаат многу ќар. Вака бараат ем да ги заследиш ем да ги споделиш ем да тагнеш луѓе во коментар, ем outreach, ем engagement reach ем follow count increase, охохоооо.
Зошто кога пишувам нешто на форумот и ставам емоџи, кога ќе го испратам одговорот, емоџито исчезнува?