Сакам да прашам дали некој има дома постари играчки од киндер јајца? Постари мислам од пред 2 години па наназад. Ако сака некој да се ослободи од нив, по некоја цена можам и да ги платам. Во случај некој да планира да прави чистка по дома. Може комплет сите да ги земам или само дел што ми фалат. Се е ствар на договор. Фала ви многу однапред ако некој ми испадне во сусрет
Дали некој наставник има проблем за најавување на е-дневник? Имено, при логирање во е-дневнкот, излегува барање за внес на код(двофакторна автентикација), меѓутоа код на е-маил адресата не пристугнува воопшто. Веќе милион пати е пробано и не можиме да се логираме.
Знам дека пред скоро време ги менуваа е-маил адресите. Се најавуваа со нови, нивни е-маил адреси. Ако е направена промена тогаш на тој маил треба да стигне и кодот.
Не знаев за оваа информација. Со “стариот” мејл успешно се логираше до пред некој ден, но еве денес веднаш по логирање бара код, така да ми нема логика да стига код на друг мејл.
Имаа можност да влегуваат со старите е-маил адреси во е-дневникот, со цел да внесат нова, нивна, активна е-маил адреса. И понатаму таа да си ја користат при најава. Вака се менуваше : На страната е-дневник се оди во ПОДАТОЦИ, па во ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ и на полето на Е- маил се внесува новата. И ЗАЧУВАЈ.
Како ги прават сликите за месецот на ретки болести? Има темпејди некаде треба да се спуштат? Добарав секаде
Пред неколку месеци се чекаше 10 работни денови, за Скопје. Пополнуваш барање и копија од лк, плаќаш и тоа е тоа.
Izvadiv elektronski. Ovde ako trgnes da odis po institucii otide. Nit nekoj kreva na tel nit pa vnatre se znae koj jade koj pie. Inace i elektronskiot mi bese zgreseno prezimeto ama aj nekako se razrbavme po mejlovi za popravka. Haos sistem
Досега немам сретнато а и да има не е како домашна, барем јас кисела зелка што купив еднаш и никогаш повеќе Барај од некои свои за едно шише штом е.
Види на тезгите на Зелен пазар кај што се продава зимница. Се продава и кисела зелка, можно е да продаваат и расолница. Или побарај од комшии. @anggell на мене па од кам ми се погодиле, ама купувам еднаш годишно за Бадник за сарма за адет, не сум љубител на кисела зелка, повеќе сакам свежа. Оваа година мајка ми купи од пазар, многу убава, не беше ни премногу кисела.
Јас лани од Кит Го земав, многу сакам сарми, секоја година мајка ми става ама лани не, ич не ми се погоди, цела куќа многу лошо мирисаше. А да вие од Скопје може на пазар да си земете многу домашни работи, кај нас тешко.
Ама и домашните некогаш можат да не се погодат. На комшика скиселена и мека (зглибната), не можеше да витка сарми и на крај купи од кам. Некои домашна па се и пресолени што сум пробала, а јас многу јадам солено, штом мене ми била пресолена што јадам солено, тие што не јадат кој знае каква им била. Има жени што продаваат домашна, ама и таа како ќе се погоди. Моите ставаа порано многу, ама сега дека мајка ми сама си купува.
Дали ја имате сретнато онлајн продавницава YouMall Mk? Ми згрешија производ што нарачав, им пишав да ми го заменат со точниот. Во ред рекоа. И потоа кога ги прашував да ми дадат број од шофер и доставувач ги снема, им пишав уште двапати, гледаат не враќаат. Што да правам? Имате искуство со нив?