Јас си го огласувам, тие сами ме најдоа и ми понудија такво нешто, иначе бараат околу 3 проценти што реално не е малку.
Здраво дали во фото хартија има самата хартија боја или треба печатарот да ти има боја не сум користела досега па затоа прашувам? Фала позз
Здраво, Би сакала да ве прашам дали знаете каде би можела да најдам убава гарнитура за двор. Разгледував понуди на интернет од продавници како Меркур, Бриколаж, Хомакс, JYSK и други, но цените се прилично високи – над 45.000 денари. Има и поевтини опции околу 20.000 денари, но според изгледот не ми се допаѓаат. Доколку знаете некое друго место каде што би можела да разгледам, би ми значело да споделите.
Во Алфи имаше убави лани кога гледав. Тоа е на влез во Скопје од страната на Велес. Бријолаж се скапџии. Види и во Хубо маркет. За тие на пластичарска не ми се верува да имаат онлајн страни.
Сега не сум прашала, лани прашав едно лале беше 60 ден. Потоа пред Зелен пазар купив за 50 ден. 9 лалиња, не знам, многу голема разлика.
Леле за 50 ден 9 лалиња ефтинија. А многу се убави. Кај нас лани во цвеќара едно лале беше 100 денари и тоа никакво исушено без листови. Кога ќе одам за Ск здравје обавезно ќе поминам, мене многу ми се убави. Кај нас се е поскапо. Во Германија за 150 денари има по 7 лалиња некогаш и повеќе со многу убави бои. Секоја недела да си имаш буќет на маса. Овде изгор, ќе чекаме само празници
Имам роднини во Германија и баш скоро секој ден имаат свеж букет, тука се' е поскапено. Кај нас баш за празници поскапуваат, лани пред 8-ми март прашав за лалињата. А овие пред Зелен пазар не знам зошто толку ефтини, дали му беа крадени. Дечкото ги продаваше баш пред влезот кај Зелен пазар од страна на автобуската и од тогаш го немам видено. Јас многу сакам лалиња, ама многу брзо се распаѓаат. Имавме во двор и не знам што бидна со нив, ги снема, а со години ги имавме. Пред Буњаковец пазарчето многу убави бои, разни, јас овие што ги купив само црвени и жолти.
Можно е луковиците да се подлабоко или да се замрзнати. Јас секоја есен ги вадам од земја и во кутија ги чувам и нив и гладиолите, па на пролет ги садам пак.