Ако блокирам некој на вибер, што после нему ќе му покажува/непокажува кога ќе сака да ме контактира? Ќе ме има во контакти во вибер или исто како да немам вибер ќе изгледа?
На штандот за чаеви во Веро Центар, мислам дека Ла Соу, не ме фаќај за збор, кога се симнуваш од Џамбо за надоле на подестот се, малце се поскапички, мислам дека една мала беше 250 денари
Ми требаат малечки кутивчиња за накит некои поефтини, може и пообични да се... Во Џамбо има ли? И цени да не знаете отприлика
^ Чаршија, врска неам како да ти објаснам кај е точно, од влезот што гледа накај плоштад цепаш само право, и од десна страна се наоѓа, на аголот. По 70 денари кутивчињата за накит најповеќе, имаш избор, најпрекрасни на свет се!
Паркингот позади Скопјанка на кој принцип се наплаќа? Преку мобилен со порака, има луѓе таму одговорни или? Не сум била во тој дел баш, а сигурна сум дека се наплаќа зошто цел Аеродром е на некаков принцип, па прашувам.
Дали денес работат банките?И ако работат до колку саат ,до 4 или ? И сите продавници во гтц до колку работат денес? Фала многу
Работи ли утре пазарот на бит пазар, стриктно ми треба делот каде ш то се продава накит, кај Бугарките?