Абе да не ја залажувам кога не сум сигурен во нешто, уште сум сингл и без деца не обрнувам внимание..
Ее да, не се сетив на Стибера. Таман е, за @Stark беше само прашањето за работното време Ви благодарам
Здраво, не знам дали темава е за тука, доколку не е слободно избришете. Ме интересира како размислуваат луѓето во Македонија во врска со поддршката на македонски производи т.е. купување домашни производи од маркети и/или директно од луѓе кои ги произведуваат. Прашањето се однесува на секаков вид производи како храна, рачни изработки итн. Јас лично се чувствувам поисполнето кога поддржувам локални продавачи и домашни бизниси. А исто така за мене рачно изработен подарок вреди многу повеќе од нешто купено во бутик, макар и да е некоја рачно изработена честитка. Кое е вашето мислење?
Дечки кој проблем може да настане во иднина доколку имаш пауза меѓу работни места одреден период, пр 2 недели?
И мене ова не ми е јасно. Како влијае? Нели се собира вкупно стажот без разлика дали има измегу паузи..
Никаков проблем. Единствено што за здравствено осигурување ќе треба прво да ти префрлат плата во новата фирма за да повторно важи. Исто и за користење годишен одмор, треба да поминат 6 месеци во новата фирма, за да имаш право на цел год. одмор. Друго апсолутно ништо. Ниту за стаж, ниту за ништо друго.
+ од претходното мислење: За тие 2 недели нема да оствариш право на пензија, ако немаш 15 години пензиски стаж (пример: ако имаш 14 години, 11 месеци и 20 дена) или ќе имаш за тие 2 недели помал коефициент при одење во пензија (пример ако имаш 15+ години, 5/11 месеци и 20 дена).
Еве ти објаснија погоре членката. Јас не ја знам толно пресметката, мн сум млада за пензија меѓутоа ги знам муабетите од постари колеги. Можеби подобро да прашаш некој во пиом што работи зошто кога се прават пресметките и бодувањата за пензија, влијае дури и боледувањето и се
Western union побрзо и полесно, од банка ќе чекаш до 3 дена. За поголеми трансфери подобро е банка оти е помала провизијата посебно ако банката има претставништво во Македонија.
Сакам да ставам пари на туѓа сметка, ама да не знае од кого се. Може само со матичен број или ќе ми треба и трансакциска сметка?
Планираме летото да идеме у Бугарија кај пријатели. Прашњето ми е дали треба да се вади некоја дозвола за престој? Дека планираме околу месец ипол-два да поседиме? Знам дека имаме право на 90 дена престој, но да не треба нешто документ на граница, или нај нормално си влагаме и излагаме од Бугарија како да сме биле таму 10 дена? Знам глупаво прашање ама сакам без проблем да си влезам назад у Македонија, без да ме гњават на бугарската граница зашто толку време сум останала.
Мислиш тој на кој уплаќаш да не знае дека си ти ? Мислам дека не може. Мислам дека ако отидеш во банката каде што има личноста сметка ќе ти уплатат на негова сметка (мислам не мора дури ни број на сметка или матичен број), ама ќе мора да приложиш лична карта, и секако ќе ти стои на уплатница име, презиме, живеалиште и/или матичен број или трансакциска сметка, зависно дали уплаќаш преку трансакциска или готовина.
Многу ретко, скоро воопшто не се поддржува кај нас (зависи и што, за која намена, итн.). Пример имаш рачно плетени чанти - мене ова ми е лудост воопшто (секоја чест за изработката, ама да ти се истури несакајќи нешто оди и исчисти го). Мене барем ми е битен и тој аспект. Не само да го имам, а да е нешто што не можам да го одржувам. Најмногу купувам филигран и скоро секаков вид рачно изработен накит; од луѓе директно ако имаат тезги пред маркет (ова посебно ми важи за праз, некако ми е далеку повкусен од класична пиљара). Домашен пинџур е научна фантастика да се најде, тоа оди преку жена, на жената сваќа, на сваќата братучеда и на крај нема никаков и останува маркетот како опција (со што не сум баш задоволна). Се лажам со некој од на Mama's - и пак не ми е вкусен, сѐ си мислам дека оваа година ќе засукам ракави да правам сама. Знам дека убаво е да се има домашни, пресни јајца ама ете, не се осмелувам да нарачувам низ онлајн групи. Тука застанувам, зашто останатото го има и во маркет. Евентуално размислувам за опција домашна бавча, но во никој случај не за оние групине како зелено пазарче. Прво, зашто и да нарачам од сѐ по малку нема да најдам кај еден човек и ќе треба да се малтретирам со разноразни преземања на нарачки, а второ ако нарачувам тоа пак не би било количински премногу и не гледам поента. Повеќе време ќе изгубам на пишување онлајн и преземање нарачки, отколку да влезам повеќепати во маркет (а притоа го имам тоа што ми треба на дофат, свежо). Инаку лани почнав да ги виткам новогодишните поклони сама и оттогаш практикувам да ги спремам роденденските, честитки правам ако имам малку повеќе време (и не за секого зашто знам дека ќе завршат во канта). Имам украсувано за детски родендени, правено покани (ова за екстремно блиски, од ќејф, не за друго). Само се злоупотребува и сум прекината.