https://play.google.com/store/apps/details?id=com.echo.infotraffic&hl=en имаат и апликација и за ајфон и андроид
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.echo.infotraffic&hl=en имаат и апликација и за ајфон и андроид
Каде можам да најдам рефус гумени бомбони, но да не е Cowboy Candy во ГТЦ (немаат убав избор)? Тоа во Рамстор горе не постои повеќе. Во Џамбо истите бомбони се.
Дали има кај нас во ск да пратам нешто да дојдат од дома да го земат и да го достават до одредено место, не карго за неколку денови за некој саат ми е потребно?
Ти пиша членката погоре, бижутерија Еми Буњаковец има, секаде кај што се продаваат игли и копчиња би требало да има. Види и на Зелен пазар.
Ги однесов денес за рекламација патиките, потполнија документ, ја прашав девојката колку често се случува да ја одбијат рекламацијата и ми рече дека се гледа дека не се оштетени намерно патиките, ама имале нивен чевлар што ги проверува, и имале 15 дена рок за да ми вратат дали рекламацијата е прифатена или одбиена, па ќе видиме што ќе биде, со надеж дека нема да ми ги вратат сама да ги лепам, или па само они да ги залепат..
Дали може и на кој начин да се аплицира за виза за Емиратите ако не одиш преку агенција и не леташ со нивни авио-компании?
Во нивната амбасада, но мислам дека немаат амбасада во Македонија. Ќе треба во некоја соседна држава.
Ќе пишам тука дека е поактивна тема. Имам проблем со Вибер со најавување на нов телефон. На стариот направив бекап. Ама за да се најавам на новиот ова ми излегува. Наводно ќе добијам повик од некој број, и да ги пишам последните четири цифри како код за најавување. Но проблемот е што никаков повик не добивам никогаш. Како можи да се реши ова?
Дали точно си го пишала бројот? Можно е и да има баг со апликацијата, што често знаат да имаат. Ако го немаш згрешено бројот, пробај покасно пак. Рестартирај го телефонот и пробај пак. Да не заглавува нешто софтверот. Сумњам дека е до баг на апликацијата.