Точен е бројот. Пробав и со рестарт, преинсталирање на апликацијата и пак е исто, не добивам никаков повик (а кликам да дозволи пристап до повици и сл.)
Пробај покасно пак. Џабе ќе ја преинсталируваш апликацијата. Види дали има апдејт за неа стигнато. Ако нема, тогаш почекај до вечер.
Ок е сега, по стоти пат преинсталирање конечно добив повик (на Виберот на стариот телефон) и го пишав кодот. Не знам зошто беше вака ама се најавив конечно.
Здраво на сите, Имам 20 години и се вратив да живеам во Македонија. Во Италија бев запишан на факултет, но не го завршив бидејќи брзо се вработив. Сега сакам да се запишам на факултет во Македонија, но не знам дали има можност да се повтори средното образование и колку време би траело тоа. Ако некој има информации за ова или знае како оди постапката, би ми значело многу. Благодарам однапред!
Не ја знам постапката, Министерството за образование треба да ти ги нострифицира сведителствата. Нострификација
Нема потреба да го повторуваш средното образование. Ќе ти го признаат овде, само однеси документи во Министерство за образование.
Со оглед на тоа за каков сликар станува збор, не очекувај ефтино. Мене лично не ми се допаѓаат неговите мотиви, но секој со своето.
Оди му на сајтот, ги имаш цените и достапните уметнички дела. Цената е околу 200 евра. Али 200 евра ти е копија/постер од уметничкото дело (print). На пример, он пушта само 50 или 100 постери/принтови од едно дело. Сите овие се рачно потпишани и нумерирани од Михаил. Откако ќе се продадат сите копии од тоа издание, тие никогаш повеќе не се препечатуваат (ти и уште 49 други само го имате тој принт/слика). Имаш и рамки на самиот негов сајт. Е сеа, ако го сакаш оригиналното дело, масло на платно, онда околу 6000 евра е (може и повеќе). Spoiler Еве го сајтот со делата: https://mihailkorubin.com/paintings-mihail-korubin/ Како што можам да забележам, скоро сѐ е оut of stock, ова е достапно: https://mihailkorubin.com/libera-limited-edition-of-50-copy-2/ Еве нешто и оригинално: https://mihailkorubin.com/reminiscence/ Разгледај и тука негови принтови: https://artonline.mk/avtor/mihail-korubin/ После оваков маркетинг, Михаил ако читаш, едно дело гратис хехенце.
Преубави се. Леле фала најмногу. Да сакам од овие принтовите. Тие можам да си ги дозволам за овие од 6000 мало сутра. Ама прекрасни му се делата. Баш даваат боја во домот.
Каква четка (и спреј) да користам за чистење на патики со превртена кожа? Не сакам да ги уништам со некоја чупава четка, туку сакам со некоја специјализирана и добра. Од онаа фирмата со гуштерот не сум задоволен. Од Пеко или од оние спортовите земав и не ми ги исчисти како што сакав.