Нина, со оглед на тоа што ти плаќаш месечно, тоа е негова обврска, освен ако не сте се договориле поинаку на почеток.
Да не беше ти си плаќаш мајстор а тој ти одбива од киријата колку шо имаш платено? Пак провери си , инаку убав совет пиша @CameliaMiller , вакви работи во договор да се ставаат најдобро.
Сака да ти наметне и си ќари, ако му успее. Немаш ништо ти со тоа. Треба да го пресечеш во моментот кога ти спомнува. Срамота.
@нина122 ако продолжуваш ти во станот да живееш јас би договорила средина, двајцата да платиме. Инаку ако си одиш и немаш договор, од депозитот ќе ти одбие за кречење. Јасно ми е, најдебилен муабет е тоа, да очекуваат кираџија да си искречи. Ако одам во рент а кар и изнајмам кола, не ми бараат со непоминати километри да им ја вратам. Се подразбира дека е нивен трошок редовно одржување на станот, заработуваат од киријата, само што си ја сфатиле повеќето како бизнис без трошоци. Ако си одам од станот они сами ќе си кречат (според договорот), за кречење во тек на живеење немаме договорено, но лично јас би понудила да делиме. За други работи (поправка на бојлер беше) си викнаа мајстор и си платија, менување на сијалици пример не ги замарам, глупо е.
Не пишано правило "Како е примен станот, така ќе го вратиш кога си одиш". Ако бил искречен, на одење ќе го искречиш. За време на користење тековните обврски се на товар на кираџијата ( менување сијалици, ситни поправки, кречење исто така), освен ако не сте договорени поинаку.
Многу глупаво правило, затоа во договор ставив поинаку. Ако издаваш нешто, што да е, стан или кола или апартман за одмор или соба аирбнб, логично нештото се амортизира. Тој што го користи ти плаќа за да го користи, не живее гратис. Едно е да руинираш, па ќе поправаш, ама да кречам или да земам ако не кујна да сменам оти после 10 години (пример) кујната купена најефтина можна веројатно ќе се амортизира. Јас сум задоволна од овие сега што изнајмувам стан, ама си научив, не изнајмувај од луѓе чиј леб зависи од киријата, тие ни за себе немаат, а не за станот што го издаваат.
Михајлово е место само за одмор, да наполниш батерии. Баш за шетање и нема, во близина е село Конопиште а до Кавадарци има негде околу 40км.
Кујна менување не е во тековно одржување и не треба да ја плаќа кираџијата т.е.може во договор со сопственикот да ја смени и да ја одбие од киријата. Всушност треба се убаво однапред да се договори, за да нема вакви недоразбирања.
Би рекол зависи од степенот за нечистотија поради која се бара кречењето. Ако е нешто направено апла по твоја вина (исфлекано или сл.), може и да ти бара сама да платиш. Ако е редовно кречење тогаш треба тој да плати ама тој може смета дека нема потреба... Јас кога живеев под кирија, имав направено мала штета на еден ѕид - столчето од компјутерот ми беше потпрено на тој ѕид и се имаше направено голема црна флека. Кога си одев, газдата ми задржа само дел од депозитот, останатото ми го врати.
Она за јајца варење шо е едно пластично бо маркет го видов дали има некој купено и дали сте задоволни? И дали има опција за преварени оти јас такви ги сакам?
За што ти е? Немаш тенџерче? Откако ќе зоврие водата, остави 20 минути, зелена ќе е жолчката. Јас такви ги јадам.
Вака, станот е на таа страна што никогаш не го грее сонце, и во тоалетот не работи вентилацијата, и има како влага на ѕидовите од тоа што секогаш е под сенка, нема вентилација, и тоалетот нема прозор.. Има на ѕидовите точки од влага..
Ако имам на штедна книшка на 3 г орочени пари, кога може да ги откажам? Сакам да ги префрлам на обична картичка? Ден пред тоа се оди во банка пред автоматски да ги продолжат или?