На братучедка ми годинава нема да и отидам на роденден, па се решив да ја изненадам и да и испратам поклонче. Мислам преку пошта да и пратам па како иде? А слушнав нешто и за карго, ама појма немам што е тоа. . Не е од Скопје, од друг град е. Ај малку помош.
^^Не е ништо комплицирано праќањето, само цената зависи од тоа колкава ќе ти биде пратката. Карго е исто како пошта, само приватна. Има повеќе такви и мене некако ми е пофина и посигурна варијанта преку нив да примам или пратам нешто, иако може и поскапа. Ако сакаш има можност да ја земат пратката од дома и да ја однесат до дома на тој што се праќа.
Predlozete mi nekoe ime za firma ako moze sto pobrzo sso slednive bukvi: m a v i k s l pa moze i dr bukvi nema vrska
Амвис, Викса други не ми текнуваат. Такви ти предложив од тие букви што ги имаш напишано таму. Инаку други имиња за фирма може од овде да видеш: http://www.brandbucket.com/need-a-names-for-company/ и овде http://www.bdec-online.com/bd-cmpy/bd-ca.cfm Прашање: Ги знаете тие картички што се користат сега место книшки? Е, што ќе се случи ако изгубите таква? Јас мојата ја изгубив и сега ме јаде совеста, нова ми беше, само што ја земав. Може ли нова да се извади, се плаќа ли?
Kе идеш во завод ке ја пријавиш како изгубена ,ке поднесеш нови документи и за неколку месеци ке ти извадат нова.Се плаќа само за таму документите што ке ти ги побараат.
Дефинитивно ќе полудам. Да опишам ситуацијата: Три цимерки сме, а станот е од една од нив. Другата која иде дома колку да спие/јаде/искапе и евентуално некогаш да учи, значи во 6-7 месеци никад ја немам видено со смукалка в рака, со крпа за прашина буквално ништо значи не пофаќа. Иде прави 2149832742 тенџериња, 4832423 чинии и се тоа остава на маса/лавабо. Идам сега од факултет и наоѓам хаос, со крпата за раце што ја користам фатила лавабото го бришела во вц, влакна на сите страни, ми се гади. Прашањето : Како да и речам да фати метла, смукалка, крпа за бришење, а да не се испокарам? Зашто ако не е средено до вечер кога ќе се вратам од факс ми се чини ќе се испокарам и тоа гадно. П.С. Не се во нешто прекрасни односи другите две цимерки.
Не мораш да се караш, прво со убаво кажи и, дека тебе ти смета што е гадно дома и дека не сакаш да живееш така, дека треба да си ги делите домашните обврски бидејќи не живеете сами таму туку заедно. Една не може да постигне да исчисти за сите. За да опстанат неколку луѓе во стан (освен фамилија) треба разумен компромис ( што би рекол нашиот п) Ако не свати во скоро време, и се однесува како ништо да не се случило заслужува да и се обратиш со повисок тон, и на крајот никој не е должен да трпи никого во животот. Цимерки секогаш можеш да најдеш.
^ Не и е еднаш со убаво кажано. Со другата се слагаме, чистиме, иде таа од излегување што да помогнам, па тоа и тоа и викаме и гледаме легнала и спие. Толку од помошта. Тоа со оставањето на маса - пробав на индиректен начин да и кажам, фатив цела маса со чинии, шолји, тенџериња ја изнаредив и си заминав на факс, чекала да дојде другата да ги фати. Нема разбирање со убаво изгледа :/
Спојлер Antolinaa, седнете сите цимерки и кажи им дека мислиш дека треба една или две недели (или некој друг ден) во месецот да чистите сите заедно и да си одберите кој ден да е тоа. Па исто така спомни како предлог демек дека после секое влегување во кујна на секоја да си излезе со средено за да е полесно за средување, ако заедно ручате, заедно средувајте после тоа.. Па веројатно ќе ја наредете работата.
Кој денес слави апсолвентска? Не е тоа матурска, па да се слави и подарок да носиш. Убаво кажа AnaKarenina, уште недипломиран, а ќе славиш. Јас имав колеги кои презапишуваа година два пати и уште беа втора, а си беа на апсолвентската вечер, ама имав и такви кои беа четврта, а не беа на апсолвентската.
Напиши куќен ред и состави распоред на обврски Кај мене дома така е тоа регулирано - си стои правилникот закачен на фрижидер За буквално сите обврски имаме распоред. Со сестра ми ги делиме обврските околу смукање, собирање и пружување алишта, полнење и празнење на машината за садови, хранење и шетање на кутрето... Само така ќе го решиш проблемот - со распоред. Секој да си знае кога и какви обврски има. Инаку вака со твојава цимерка нема на крај да излезеш.
Џабе и распоред и разговор со таква личност нема да дојдеш до решение на проблемот. Најди си нов стан и нови цимерки со кои што ќе немаш проблеми, а додека да се снајдеш ќе мора да ја трпиш, нема друго чаре.
Постои ли уште продавницата Sewa? Онаа кај камен мост што беше. Преместена ли е негде или ја затворија?
Ќе седнете трите заедно,ќе праите муабет и ќе напишите дневен ред за секоја.Не е дека којзнае што работа има,битно е да се одржува чисто и да има некој да ги мие тањирите А оваа што не и се работи,ако не е нејзин станот,речете и да почне да се ангажира,ако не ќе си барате друга цимерка догодина. Многу е тешко да се координираш во такви средини,затоа ти треба цврста волја и правила!
Не знам дали има посебна тема, но ме интересира дали некој знае изработувач на чевли по мерка. Ми кажаа дека имало некој добар во Куманово, па ве молам ако некој има инфо нека ми пише лп. Фала однапред