Можеш да ги вратиш, парите мислам дека ги враќаат во готово, доколку производот е купен во продавница. Замена за производ не знам, но сепак можеш да ги вратиш тие па да купиш други.
Вкупна сума ја делиш на двајцата, пример 6000 ден е, по 3000 делиш, не плаќаш дупло 12.000 ден. Секоја година плаќам и е 100% вака како што ти кажувам.
Здраво. Можеби прашањево не е за тука но оваа тема гледам е поактивна а мене ми треба итно одговор. Дали во Македонија може да се користи Pay Pal ?
Можеш да користиш Пејпал само за плаќање со поврзана картичка. За да имаш акаунт за да примаш пари се уште не може.
Роднина во странство се породи пред една недела и сакав да пратам некој мал подарок од таму, со достава (сум праќала и претходно) е сега бидејќи земјата е скапа за наш стандард само едни пижами за мало бебе се околу 2000 денари и прашањето ми е дали е океј само тоа да и го пратам? Спаковано со порака и тоа е тоа? Секако тие не очекуваат ништо ама ете мал знак на внимание
Итно ,почнувам со работа во среда ми кажа шефицата ме осигурала пријавила ми кажа за од денеска можам да почнам ...и сега да и се јавам да ја прашам дали може од петок да почнам ова за во маркет поради личен проблем. Или да не се глупирам
Колку дена се потребни за да се издаде документ за државјанство на шалтер? Знам дека може онлајн, но потребен ми е печатен.
И јас кога вадев одма. Таму пополнуваш барање, плаќаш, чекаш да пополнат електронски и го печатат одма.
Каде се продава пластелин (од оној што не пушта боја на рацете и се суши сам по некое време)? Или препорака за некој кој не валка премногу, по можност во поголема количина (како кофичка)?
Книжарници. Имаш и обичен таков како што бараш, а и оној што се суши и станува како сунгер. Траки знам сиг дека има, а други книжарници не сум сигурна ама продаваат повеќето.. Др опција на PlayDoh, поскап малку.. во Крш.
Дали тука има некој што живее во Свети Николе, сакам да прашам нешто. Ако има, нека ми пише во инбокс.
Каде во Скопје има букет цвеќе, на кои пазари? Не од цвеќара, од некое пазарче ама кое точно? Пред некоја година си купував ама ич не се сеќавам од каде беше, само знам дека беа доста поефтини од цвеќара.