НЕТО плата ти е чиста плата која ти ја исплаќаат на сметка, додека во БРУТО плата, освен нето плата влегуваат и задолжителните придонеси кои за тебе ги плаќа работодавачот (пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и осигурување во случај на невработеност.) Значи НЕТО е чиста плата а БРУТО е нето плата + придонеси. Еве прочитај си повеќе http://biznis101.com/planiraj-biznis/finansiski-plan/219-bruto-i-neto-plata.html А можеш и да си пресметуваш бруто и нето плата овде http://kalkulator.ot.mk/
Бруто плата е составена од нето платата на работникот + износот на персоналниот данок и придонеси, како што кажа Abeja и пишува во линковите кои ги посочила. Еве ќе ти дадам пример со објаснување за калкулациите на минималната бруто плата во Македонија(12.268 денари) од која откако ќе биде одземен износот на персонален данок и придонеси, изнесува 8.050 денари нето износ (фактички, тоа се “чисти” пари кои му остануваат на работникот после сите давачки кон државата). БРУТО Плата = 12.268 Придонес за пензиско осигурување е 18% од бруто износот = 2.754 Придонес за здравствено осигурување е 7.3% од бруто износот = 1.117 Придонес за вработување е 1.2% од бруто износот = 184 Придонес за професионално заболување е 0.5% од бруто износот = 76 Вкупно придонеси = 4.131 денар Откако ќе се одземат придонесите, останува бруто плата од 8.137 денари од кои се одзема персонален данок од 10% (во мојот пример со минималната македонска плата, тие 10% изнесуваат 87 денари). Според пресметките, вкупниот износ на придонеси & данок кој ќе биде одземен од БРУТО платата на работникот е 4.218 денари. Е сега, 12.268 – 4.218 = 8.050. А тоа значи: БРУТО плата – вкупниот износ (придонеси & данок) = НЕТО плата Заклучок: Минималната бруто плата во Македонија изнесува 12.268 денари, односно 8.050 денари Нето. Се надевам дека сега ти е јасно.
Имам сипаница. Во УГД - некој документ треба да доставам и каде ? (за да не ми пишат минуси и колоквиум ке имаме следната недела)
Каде можам да пишам граѓански предлог што треба да го разгледаат политичкиве партии и по можност да го стават во програмата? Знам дека ќе почнат да доаѓаат по врати или да се јавуваат,ама повеќе сакам да им пишам.
Дали во инстаграм има опција да пребарувам по месеци на нечиј профил? На пример ако сакам да видам објави од декември 2013. Некој брз начин или морам да поминувам се???
Мислам дека е можно ако пријателите што ти објавувале слики,видеа и слично ги тргнале своите објави.Друго објаснување немам,ако знае и некој друг нека каже.
*121# и на зелената слушалка. А доколку сакаш да ги провериш преостанатите минути звониш на 1414 и ја следиш тетката што ти зборува
А да не ти се сокриени да не се гледаат? Кога некој ќе гњави со некои глупави статуси, или цело време да ги праќа оние слики со пораки, или игри јас веднаш штиклирам да не ми покажува објави од него, така и со напишаните мислења на времеплов, имаш опција да ги сокриеш кај стрелката горе десно на објавата.
Ќе ми објасни ли некој што значи изгравирана слика? И каде можам да најдам некој што црта вакви слики? Сакам да моја слика и да ми ја нацртаат вака
Veki4kaa, има во Рамстор, во Центар. Од кога ќе влезеш, од лево. Има двајца што цртаат, им даваш слика и они ти кажуваат кога ќе биде готова. И двајцата мислам дека имаат исти цени, само ти треба да одбереш кој повеќе ќе те „импресионира“. Само секако пред тоа треба да одбереш дали сакаш да биде црно/бела, во боја, со молив, карикатура и уште неколку други видови. Само што не е баш евтинко. А изгравирана слика, колку што е знам, е кога е така вдлабнато. Кога имаш чувство при допир, дека не е рамно. На пример на стакло, дрво...
Јас за оваа се рапрашував пред извесен период и бев во Рамстор како што ти кажа Елена тие се 2ца едно до друго твое е да одбереш кај кој цените се .... јас мислам дека се скапи 600 денари е карикатура ако 1 има на сликата ако има повеќе за секој по 600 + ако сакаш во рамка е тоа е друг муабет Јас сакав да праам карикатура со слика од мене и дечко ми да биде убаво средена во рамка се,ама неможев да си дозволам толку ... во некоја наредна прилика може ... Многу убаво изгледа има и веб страна ако ја најдам ке ти пишам ЛП сепак ако сакаш ти од твоја слика да си имаш дома во рамка вреди такво нешто за парите,ги ценам таквите луѓе со таа дарба Спојлер Ај јас се заборавив од пишување можеби малку и офф топик сум ама
Изгравирана слика е тоа како што кажа Elennaa, а ова е нешто друго како што ми изгледа е со молив. Во рамстор мислам (колку што се секавам) дека се 25евра во А3 формат -30цм х 42цм, со еден лик. А 600 ден за карикатура... мислам дека не е многу Инаку јас цртам вакви портрети по порачка, во црно-бела техника, со јаглен и молив-графит, за маалце поевтина пара највеке ми порачуваат парови, за подарок ако си заинтересирана пиши ми ЛП за детали Поздрав!