Пишав јас и во друга тема пред некој ден ама изгледа не е активна па тука ќе прашам. Ми треба помош околу комбинација за прослава на дипломска. Јас сакам да имам зелен детал на мене, е сега имам 2 опции зелена кошула со крем палто и крем панталони или зелено палто со црна кошула и црни панталони. Што мислите вие? Може слободно и други комбинации да предложите, плус помош околу детали како каиш, патики, часовник..
Најдобро да прашаш во банката. Дека нели кога се зема македонска пензија не пријавуваш никаде, туку самата банка пријавува во пензиско дека на таа сметка ќе ти се исплатува пензија. Барем така знам.
Честитки, да имаат среќен брак. А и на тебе честито старосват, најдобро ќе биде да си ги прашаш другар ти и невестата дали ќе имаат некои адети за да бидеш подготвен и во црква ќе прашаш што и како треба. Мојата кума е од Прилеп после нашата свадба разговаравме дека некои работи што тука во Скопје ги правевме во Прилеп не ги правеле, затоа најдобро прашај ги.
А што да ти помогнеме? Ќе си купиш костум и чевли. Добро би било да имаш резервна кошула доколку се испотиш. А со оглед на тоа што си голем ду*аџија, партали ќе бидеш Старосватот купува свеќи, машнички за свеќите и материјал за во црква. Треба и да платиш во црква. Така е во Скопје. Треба да дојдеш со младоженецот по невестата. Ако не треба да венчаваш во црква, освен подарок и трошокот за облека, други трошоци немаш. Ако оставаш бакшиш на музиката во ресторанот, тоа ти е плус трошок. И најбитното..... Со марамчето опа - иха
Неам идеја ништо како е, ама јас битно му се нафатив на брато хахаах. Зато прашував да имам претстава шо е како е. Ич да не се секираш ќе купам костим таму да попаднат сите од понежнио пол и барем да се сврта по два пати.
Ќе оди и ќе побара да го одјават од во банката каде што е, а потоа ќе оди во новата банка со пензискиот број што го има добиено и ќе побара да го пријават. Само нека внимава на датуми зошто одјави/ пријави се прават еднаш месечно.
Честитки Прашај го најубаво другарот, кои адети планира да ги прави. Јас сум бил старосват на свадба и апсолутно немав никакви задачи освен да се појавам во црква и да стојам до младоженците.
Јас не требаше ништо да давам. Напротив јас и добив поклон од нив. И не тргнував од кај нив туку дојдов директно во црква и од таму во ресторан.
Поклонот во ресторан Ако одите по невеста од кај него се трга па пред врата кај невестата ко се турканиците и ти ќе туркаш Ќе ти купат мислам и тие нешто да ве даруваат ко ќе сте кај невестата тебе ,кумот ,деверот (јас не знаев дека тогаш пари и се враќале ко ми дадоа сите се чудев ) после в црква има тарифа шо треба да ја платите зависи таму ќе ви кажат. Материјал купија и кумот и старосватот за кај нас,така од црква ни рекоа. (Ќе си прашаш и дали треба и каков сакаат). Круните му ги местиш ќе ви покажи поп како. Винце и нафорче ќе ви дадат. За во ресторан торта ни донесе и прасе (така сакаше) старосватот. А и матично како сведок се потпишуваш. Чим те поканиле значи сте блиски ќе си ги седниш и ќе си ги прашаш зошо секое место си е различно и секој си праи по свое. А некои адети и не ги ни сакаме Јас еден куп тргнав ,игнорирав