Ај едно прашање. Добивката од инстант лотарија дали се исплаќа одма во дирекција или благајна или ја пуштат на трансакциска сметка? Знам дека до 5000 ти ги даваат кај што ти е купен лозот, прашувам за поголеми суми над 50.000.
Ја пуштаат на трансакциска и не ти ја пуштаат цела сума, 10% мислам задржуваат, мора да има и за нив.
Здраво дали знаете некој кој откупува свечени фустани,долги и кратки? Фустаните се без никакви оштетувања,и носени еднаш или два пати.Цените нека се и симоболични
Дали во рецептот за проја со јогурт може заменет обично млеко? Немам ни јогурт ни кисело млеко ни кисела вода
Од ЕВН ми оставиле сметки за Октомври, Ноември и Декември 2024 во сандаче денес. Да, денес. Платени сметките онлајн уште тогаш кога им беше време за плаќање. Сумата онлајн и сумата на овие сметки нема никаква врска. Што е ова, дали на некој друг му имаат стигнато вака?
Најдобро е да се јавиш во контакт центарот на ЕВН и да им ја објасниш ситуацијата, најдобар и најрелевантен одговор таму ќе ти дадат.
Провери да не ти се пишувани заостанати долгови па пресметува но да е нешто вкупно. Инаку понекогаш може да има грешка па отворениот долг , оној кој го плаќаш, да се разликува малку со тој од фактурата. А тој од фактурата не можеш да го платиш ни во пошта бидејќи и таму онлине го дава отворениот долг. За најточно појди си во ЕВН инфо центар, таму отвораат финансиска картичка и ќе ти кажат дали имаш нешто за плаќање. Инаку понекогаш хаос е со сметките, не само ЕВН. И со водовод и со струја и со ѓубре, ставаат кубици вода од памет и после треба да одиш да се расправаш.
@ivanamackica Не можите да ги подигните на рака ќе мора во главното од лотарија(има во секој град ќе ве упатат во било која трафика кај шо се уплаќаат лозови). Ќе ви ја скенираат личната карта, ќе им дадете трансакциска сметка и ќе ви дадат еден документ да го потпишете. Парите стигнуваат за 3-4 недели,сумата ќе биде 10% помала од добивката будејќи државата зема данок на добивка. Со здравје да ги трошите парите.