Ти треба златна фолија (од злато, т.е. златни ливчиња) или обична фолија само со златна боја ? Од вторава побарај низ продавнициве за рачни изработки. Онлине ги продаваат Арт Тиме, Хоби мк и др.
А таа за торти што ја стават како златни ливчиња од каде може да се купи? Каде можам да си најдам организери за во фиоки и плакари, само не пластични. Пред две недели не видов во Џамбо, некаде онлајн ако има уште подобро.
Тие златни ливчиња единствено да прашаш низ специјализирани продавници за декорации на торти. За организери често носат платнени по маркетиве, последно гледав во Кипер. Има и во Базаро, Меркур. За фиоки гледав мислам едни во Џамбо и Базаро дрвени беа. Има и на Интернет, побарај нама.мк , а често носат и во најевтини понуди (имаат онлине продавница и дуќан во Лептокарија).
На линкот подолу ги има сите цени. Во готово не може, може со картица или во банка (треба да имаш заверена копија од уплатницата кога ќе се сликаш). https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1
Не може во кеш. Или си уплатница или со картичка. Ти предлагам со картичка дека разликата во провизијата е голема.
Дали клубот минус еден работи ? Гледам на инстаграм немаат постирано ништо од трагичниот настан во Кочани, да не ги затвориле ? и дали некој знае дали Клубот Маракана работи ?
Дали навистина е она кога ке речат нештата доаѓаат кога не се надеваш, кога ќе си среќен самиот со себе тогаш ќе се појави личност со која ќе бидеш уште посреќна? Кај некој функционирало ова? или е само утеха за очајните
Можеш али сепак подобро ти е со сјај, ако си решил/а да го поминуваш со хидроген тогаш остави да се исуши некое време. Не дека е нешто сериозно али хидроген пероксид ако се внесе може да предизвика мачнина, гадење и слични симптоми. Некако субјективно е прашањево, јас мислам дека е утеха. Секако некогаш може да се наредат коцките кога не се надеваш али не е паметно да спиеш на тоа уво. Мојата филозофија е да се биде активен за тоа што сакаш да постигнеш и да се бориш за своите цели или народната нивата сака мотика а не молитва. Не верувам дека се ќе си дојде на свое некогаш и некаде доколку ние седиме со скрстени раце.
Нема пишани правила и човек секогаш се надева потсвесно дури и кога негира дека е така. Полошо од недобивање е паѓање во очај од вакви „добронамерни“ совети зашто сепак ги размислуваш после кажаното.