Во зградата каде шо живеам, има една стара госпоѓа(баба) со деменција. Сама живее и повремено ја посетуваат роднини. Меѓутоа, многу често излегува надвор, воглавно пред и околу влезот, вика и зборува неповрзани работи. Неретко ако поминуваш тука, тегни и влечи за облека, заклучува/блокира влезна врата од влезот итн. Еве последно вечерва, во 01ч беше излезена надвор, на дожд сама во темница и си зборуваше. Свеста ми ја зеде. Каде можи да се обратам/обратиме станарите за да се реши ситуацијава со бабава?